Резултатите од пребарувањето: “БОБИ”
Прикажи 9 12 18

Перниче БОБИ

790.00ден 690.00ден

Мека и удобна декоративна перница од Светот на Биби.

Со својот шарен и разигран дизајн, перницата е совршен додаток за секоја детска соба. Идеална е за одмор, гушкање и декорација, а воедно претставува и прекрасен подарок за најмалите обожаватели на Светот на Биби. Карактеристики на производот:
  • Димензии: 35 × 35 см
  • Состав: 100% полиестер
  • Бренд: Светот на Биби
  • Мотив: Боби

Водена боенка „Colour O’Clock“ со Биби и Боби

490.00ден
Откријте магија на боите со новата водена боенка од Светот на Биби! Со помош на четка и вода црно-белите ликови оживуваат во боја, откривакќи ги омилените детски херои од „Светот на Биби. Креативна забава за малите уметници! Забава без неред, идеална за малите креативци!

(4 во 1) Биби, Боби и куќичката од чоколадо (Сложувалка панорама)

890.00ден 712.00ден
Патувањето започнува кај куќичката од чоколадо полна со бомбони и колачиња. Потоа одиме во куќичката на дрво и пиеме чај со жирафата Жижи. Како што заоѓа сонцето, одиме да ја посетиме малата вештерка Фи. Денот го завршуваме со криенка во замокот на најпријателското вампирче Бу. Секоја сложувалка се составува посебно, а потоа сите четири се поврзуваат во една целина. Составувајте ги една по една или поделете го предизвикот со целото семејство и заедно откријте ја големата слика. Додека ги бараат вистинските парчиња, децата вежбаат внимание, трпение и забележување детали. НОВО - со промотивен попуст само во првите неколку дена! Нарачај ја сега по промотивна цена и нека започне составувањето!

сл. БИБИ, БОБИ И ВОЛЧЕ

200.00ден
Еден прекрасен летен ден во Волшебната Шума, Биби, Боби и Даро си играа многу интересна игра, поточно натпревар во правење куќичка. Додека бараа соодветни места за нивните куќарки, во непосредна близина, во волчјото дувло се одвиваше шестока расправија...меѓу родителите волци и нивното малечко-едно намуртено-Волче. Кој победи во натпреварот, ќе дознаете откако ќе ја прочитате оваа сликовница.

Роденденски балони Биби и Боби 10/1

190.00ден

Роденденски балони Биби и Боби – 10/1

Весели жолти балони со натпис „Happy Birthday!“ и мотиви на Биби и Боби, идеални за украсување на детски родендени, забави и тематски прослави.

Одличен избор за создавање весела и разиграна атмосфера и совршен додаток за роденденската декорација.

  • Пакување: 10 парчиња
  • Боја: Жолта
  • Материјал: Латекс
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

Роденденски тањири Боби- Paper plates Bobby 8/1

140.00ден

Картонски тањири Бoби – 8/1

Картонски тањири со мотиви на Бoби, совршени за детски родендени, забави и тематски прослави. Практични за послужување торта, грицки и други роденденски задоволства, а воедно се прекрасен дел од декорацијата на роденденската маса.

  • Пакување: 8 парчиња
  • Дијаметар: 18 см
  • Материјал: Хартија

Роденденски цевки Боби-Party straws Bobby 6/1

120.00ден

Роденденски цевки Бoби – 6/1

Весели цевки за пијалаци со мотиви на Бoби, идеални за детски родендени, забави и тематски прослави.

Практичен и забавен додаток за роденденската маса кој ќе внесе уште повеќе веселба во секоја прослава.

  • Пакување: 6 парчиња
  • Димензии: 19,5 см
  • Материјал: Хартија
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

Роденденска капа Боби – Party hat Bobby 6/1

120.00ден

Роденденска капа Биби – 6/1

Направете ја роденденската прослава уште повесела со картонски капи со мотиви на Биби. Идеални се за детски родендени и тематски прослави, за секое дете да биде дел од веселата роденденска атмосфера.

  • Пакување: 6 картонски капи
  • Димензии: 16 см
  • Материјал: Хартија
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

Пакет ПРЕТШКОЛСКИ АКТИВНОСТИ СО БИБИ И БОБИ – 2026

499.00ден

Подгответе ги најмалите за нови знаења и предизвици со забавниот и едукативен пакет „Претшколски активности со Биби и Боби – 2026“!

Пакетот е наменет за развој на детските способности преку цртање, боење, решавање задачи и креативни активности. Со помош на омилените ликови од Светот на Биби, децата учат низ игра и го развиваат своето внимание, логика и моторика.

Состав на пакетот:

  • „Претшколски активности со Биби и Боби“
  • Боенка „Обој ја Македонија“
  • „Бибот роботчиња х 3“
  • „Цртаме чекор по чекор“
  • „Пишуванка“
  • Стикери со ликовите од Биби и Боби

Совршен избор за развој на детската креативност, љубопитност и основните вештини преку забавно учење со Биби и Боби

Столче Биби и Боби

890.00ден

Создадете му на вашето дете свое омилено катче за игра, одмор или авантури на отворено со новото детско преклопно столче од Светот на Биби.

Со весел дизајн украсен со омилените ликови Биби и Боби, ова столче е идеален придружник за пикник, плажа, кампување, двор, тераса или семејни излети. Благодарение на лесната метална конструкција и практичниот преклопен механизам, лесно се носи и складира, па секогаш е подготвено за нови детски авантури.

Удобното седиште и потпирачите за раце обезбедуваат пријатно седење, додека веселите бои ќе внесат насмевка во секој детски ден.

Карактеристики:

  • Преклопен дизајн – лесно се отвора и затвора.
  • Цврста метална конструкција.
  • Лесно и практично за носење.
  • Удобни потпирачи за раце.
  • Идеално за плажа, двор, кампување, пикник и патувања.
  • Ексклузивен дизајн со ликовите од Светот на Биби.

Нека секоја пауза за одмор биде уште повесела со Биби и Боби! ☀️

Маица (Биби и Боби)

590.00ден
Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page

Стилска и удобна детска маичка од „Светот на Биби“ , идеална за секојдневни активности, игра, прошетки или градинка.

Изработена со мек и пријатен материјал, оваа маичка ќе биде омилен избор на вашето дете при секојдневното носење.

Достапни големини:

  • 1 (40 см)

  • 2 (42 см)

  • 3 (44 см)

  • 4 (46 см)

  • 5 (48 см)

  • 6 (50 см)

  • 7 (52 см)

  • 8 (54 см)

Оваа маичка е совршена за комбинација со панталони, хеланки или како дел од комплет облека – практична и забавна опција за секој ден.

 

Becutan шампон и купка 2во1 Биби и Боби со мирис на bubble gum.(син)

189.00ден
Идеална комбинација на 2 производи во 1, за нега и заштита на детската кожа и коса. Во својот состав содржи благо површински активни материи од природно потекло кои овозможуваат двојна намена на производот. Една од состојките во производот, Glyceryl Oleate, која припаѓа на групата биолипиди, е дел од природниот физиолошки слој на кожата, со што овозможува одржување и јакнење на нејзината заштитна функција. Содржи екстракт од алое вера кој делува смирувачки врз кожата, и ја спречува појавата на иритација и црвенило. Д-пантенолот и екстрактот од пченични ‘ркулци ја регулираат влажноста на кожата и ја заштитуваат од сушење, истовремено придонесуваат косата да биде сјајна и мека, полесна за расчешлување. Со своето двојно дејство и pH вредност блиска до вредноста на здравата кожа, овој производ овозможува целосна нега на детската кожа и коса. По капењето кожата ќе биде нежна и мека, а косата сјајна и лесна за расчешлување. Достапен во две формулации - добропознатото Becutan шампон и пенливо средство и формулација збогатена со мирис на bubble gum за сите љубители на неодоливо слатките мириси!