Прикажувам 61–72 од 97 резултати
Самовилска ливада
Луна ги кани Биби и Боби на необичен излет – во самовилската ливада, место за кое се раскажуваат само шепоти и легенди. Оооо... Шшшш... Лесен ветер ги ниша светкавите тревки, а во воздухот треперат ситни светулки како ѕвезди.
Но ливадата не е само убава – таа крие тајни, магични суштества и едно мало изненадување што ќе ги научи Биби и Боби колку се важни пријателството, храброста и вербата во чудата. Со кого ќе се сретнат и каква магија ќе откријат во срцето на самовилската ливада?
Рудникот на Џемаил
Биби и Боби наоѓаат пештера на Волшебната планина – но оваа пештера крие изненадување!
Всушност, тоа не е пештера, туку рудник каде живее осамено џуџето Џемаил, кој ископува скапоцени камења. Што ќе се случи кога Биби и Боби ќе го запознаат и како ќе се развие нивната нова авантура?
Прочитајте ја оваа сказна за пријателство, храброст и магични моменти во рудникот на Џемаил!
Роботчето Р1 (картонска сликовница)
Запознајте го Роботчето Р1, новиот херој од светот на Биби и Боби! Во оваа шарена и динамична сликовница, децата ќе ги следат омилените ликови низ возбудлива авантура во гаражата на Боби, која се претвора во суперопремена лабораторија. Со помош на Биби, Зина и Зази, Р1 отвора таен портал и ги води ликовите кон нови откритија и магични моменти.
- Интригантна приказна – поттикнува имагинација и љубопитност.
- Лесна хартиена сликовница – идеална за мали рачиња, секојдневно читање и игра.
- Роботи и авантура – совршена за љубители на технологии и истражувања.
„Роботчето Р1“ е совршена комбинација од учење, фантазија и забава – читањето никогаш не било повозбудливо!
Роботчето Р1
Што е тоа? Дали навистина Боби направи роботче!? Со помош на Зина, Зази и Биби, Р1 оживува и почнува да прави неверојатни работи — толку моќни што ја претвора гаражата на Боби во суперопремена лабораторија и отвора портал што води кон нови дестинации и авантури!
Зошто ја сакаат децата:
- Возбудлива приказна за технологија и фантазија
- Поттикнува љубопитност и имагинација
- Совршена за заедничко читање и разговор за пријателство, истражување и слобода на мислата
Оваа книга е идеална за дечиња што сакаат приказни со научни елементи, машини и магични откритија — подарок што ќе ги инспирира и ќе ги води кон нови идеи!
Последната светулка
Подлога за играње (200×150 см)
Подароци од планетата Заз
Очилата на бувот Илин
Другарчиња, се изгубија очилата на бувот Илин!
Како сега ќе ги чита приказните за добра ноќ?
Во Волшебната шума расте немир – животните се уморни и ненаспани. Биби и Боби тргнуваат да помогнат, но откриваат дека можеби планот на мрзливецот е токму решението што го бараат.
Дознајте како пријателството, храброста и малку креативност можат да ги спасат очилата и да донесат мир и среќа во шумата!
Меморија за најмалите
Месечина
Оваа шарена и магична книга ја следи авантурата на Боби кога во темната ноќ, по гаснењето на светлото, забележува сенка во својата соба и се запрашува како Месечината светли и создава сенки дури и ноќе. Преку забавна и лесно разбирлива приказна, децата ќе учат за небеското светло, сенките и природните појави, додека ги следат омилените ликови на Биби и Боби.
- Идеална за развој на љубопитност и учење за природата
- Забавна и поучна вечерна приказна
- Прилагодена за деца кои сакаат да истражуваат „зошто“ прашања
Меѓупланетарна брканица
Оооооо... Уууууу... Зззззз... Би-бип-бип-бип! И одеднаш – бум! – тие се најдоа на огромна пустинска планета со црвен песок и чудни летала што пролетаа над нив.
– Хммм, каде ли дојдовме? Во некоја чудна пустина... – се прашуваше Биби, кога од далечината започна вистинска меѓупланетарна брканица!




























