Регистрирај се и продолжи со купување!
Биби, Боби и Зази тргнуваат во несекојдневна авантура низ целата вселена за да стигнат навреме на новогодишната прослава на планетата Заз. Но дали ќе успеат?
Ако сакате да го израдувате вашето дете или да подарите убав подарок за роденден, ви предлагаме вашиот избор да бидe играчка со ликот на хероината Биби. Кадифените кукли од „Светот на Биби“ се први македонски кукли во сериско производство.
Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.
Возбудлива прошетка на Биби и Боби во шумата. Нашите другарчиња ќе нѐ научат да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно, но и да бидеме умерени. Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате - вели Биби. Тоа може да ви донесе непријатности како на Боби. Во сликовницата се вклучени и голем број интересни активности.