Пребарување
Филтри
Затвори

90 минути учиме со Биби и Боби

Во текот на летниот распуст децата ќе може да учествуваат во новата програма на образовниот центар „Бибиверзум“ – 90 минути учиме со Биби и Боби. Часовите ќе се оддржуваат во катчето на „Бибиверзум“ во скопската населба Аеродром. Ќе траат 90 минути, а родителите може да избираат термини, од 9 часот наутро до 19.30 навечер.

Предвидено е на часовите да учествуваат деца на возраст од најмалку 4 години. Во една група ќе има најмногу 8 деца, кои ќе работат со едукатор од „Бибиверзум“.

-Станува збор за невообичаени часови во кои преку игри, на интересен, креативен и забавен начин со Биби и Боби ќе учиме македонски јазик, математика, природни науки, општество, уметност, музика и игри без граници. На секој час ќе се обработува различна наставна содржина. На секој час децата ќе гледаат видео со Биби и Боби, ќе имаат различни активности преку анимирани визуелни презентации. Ќе бидат вклучени активности со работни листови, игри, вежби, песнички и уште многу интересни нешта кои специјално ги подготвивме за најмалите – вели Златица Апостолов, стручен соработник и координатор за новата програма на „Бибиверзум“.

Тие ќе го развиваат говорното изразување, ќе го збогатуваат речникот со нови зборови, ќе ја развиваат меѓусебната комуникација преку изразување на своите мислења и ставови. Ќе воочуваат гласови во различна метсоположба во зборовите, ќе играат говорни игри. Ќе ги препознаваат големите и малите букви од кирилското писмо и ќе ги пишуваат елементите на буквите. Ќе ги развиваат графомоторичките способности и координацијата.

- Децата ќе се оспособат да бројат, подредуваат броеви во низа, ќе споредуваат броеви, ќе препознаваат редослед на настани, ќе групираат предмети по дадено својство, ќе ги препознаваат 2Д и 3Д формите, ќе собираат и одземаат два броја – вели Апостолов.

Заедно со едукаторите, децата ќе научат за поимите жива и нежива природа, видовите животни, деловите на човечкото тело, грижата за здравјето, емоциите, семејството, растенијата, видовите на овошја и зеленчук, материјалите кои не опкружуваат, сообраќајот и правилата во сообраќајот.

Децата ќе го развијат интересот за ликовното творење и примена на техниките за цртање, сликање и моделирање.

-Децата ќе ги препознаваат видовите звуци, ќе разликуваат пријатни и непријатни звуци, ќе именуваат, препознаваат и изработуваат детски музички инструменти, ќе изведуваат ритмички движења, ќе учат песнички и бројалки – објаснува Апостолов.

Предвидено е да изведуваат елементарни игри без граници со трчање, скокање, фрлање, фаќање, провлекување, качување, прескокнување со примена на рзлични реквизити. Ќе ги почитуваат правилата на играта, ќе играат тимски и ќе развиваат натпреварувачки дух.

ЦЕНИ:
200 денари / термин од 90 минути
800 денари / 5 термини од 90 минути
3000 денари / 20 термини од 90 минути

Возраст: 4+
Локација: Продажно место „Светот на Биби“ - Аеродром, Скопје

Повеќе информации за новата програма (кога почнува, како да се пријавите, како да резервирате термин и сл.) може да дознаете директно во нашите продажни места или телефонски на бројот 071 262 392.

Распоред на часови


Претплати се на нашиот електронски информатор