Пребарување
Филтри
Затвори
Дали сте подготвени за една возбудлива авантура? Придружете им се на Биби и Боби во нивната потрага по нови и несекојдневни животни. Инсекти, птици, цицачи, риби и што уште не! Во овој дневник на откритија ќе ги дознаете нивните тајни карактеристики и навики, една по една, буква по буква. Заедно ќе научите многу нови нешта и најважно - ќе се забавувате!
990,00 ден
841,50 ден

Сподели:

Упатство за играње

Играчи: 2-4 
Елементи: Книга за животните, 106 карти, табла со симболи, 36 жетони, 1 коцка

Како се игра оваа игра:

Почнува играчот на кој ќе му се падне најголема бројка на коцката.

Тој ја фрла коцката над таблата со бои и симболи. Полињата на таблата се во 3 бои и секоја боја претставува одделна група: сина за тие што пливаат, жолта за тие што летаат и зелена за тие што се движат по земјата.

Ако коцката падне на средината од таблата, тогаш играчот сам одбира од која група ќе погодува.

Откако ќе се одбере поле, еден од соиграчите влече карта од соодветната група. На пример, ако коцката падне на зелено поле и бројката на коцката е 2, се влече зелена карта. Ако картата е со кенгур, се кажува: „Кажи едно животно на буквата к“. Бидејќи е зелена карта, се знае дека е животно што се движи по земјата. Играчот има 2 шанси да погоди.

Ако играчот го погоди животното, ќе добие соодветен жетон. Ако не го погоди, го губи редот во наредниот круг. Потоа игра наредниот играч.

Победник е тој што прв ќе собере по 3 жетони од сите групи и се прогласува за најдобар истражувач!

*
*
*
Корисниците кои го купиле овој производ исто така купија

Карти: ПОГОДИ ШТО?

Сетот содржи 60 картички. Правила за играње: Сетот содржи 60 картички. Сет 1: Тивки картички. Играчот ги објаснува со пантомима. Сет 2: Звучни картички. Играчот ги објаснува користејќи звуци, на пр., мјаукање ако опишува маче итн. Возраст 3-5 години Играчот влече картичка и има 30 секунди за да ја објасни. Возраст 5+ години Играчот влече 3 картички, смислува реченица и има 60 секунди да ја објасни. Забавувајте се!

200,00 ден 170,00 ден

Друштвена игра: ИГРА НА ЗНАЕЊЕ

Првата македонска фамилијарна „Игра на знаења“ од „Светот на Биби“ во ново издание по СУПЕР ЦЕНА. Одлична можност за оттргнување на децата од екраните, за радост на сите во семејство, меѓу другарите и пријателите.

690,00 ден 586,50 ден

Бонтон за деца (правила за добро однесување)

Со оваа книга ќе научиме бонтон, односно правила за добро однесување.

350,00 ден 297,50 ден

Биби и животните

Ловецот по најкраткиот пат поита низ шумата, дојде до дувлото на волкот, па пред самиот влез постави една гооолема стапица. Тогаш го преправи гласот и викна: - Волку, излези, јас сум, Биби. Волкот, не насетувајќи ништо, излезе од дувлото и ….

200,00 ден 170,00 ден
Претплати се на нашиот електронски информатор