Пребарување
Филтри
Затвори

Летна онлајн-школа

Летна онлајн-школа:  „Ја учиме азбуката со Биби и Боби“

Прв час: 20 јули
Последен час: 27 август 
Вкупен број на часови: 18
Временски период на еден час: 30 до 40 минути
Наставата ќе се одвива трипати неделно (понеделник, среда и петок)

„Светот на Биби“ во рамките на едукативниот центар „Бибиверзум“ овозможува онлајн-настава „Ја учиме азбуката со Биби и Боби“ за сите дечиња. Со неа ќе им овозможиме на сите пријавени учесници да ја научат азбуката заедно со Биби и Боби. 

Понудени се неколку термини и во една група ќе може да има максимум 10 учесници за подобар ефект на наставата. Часовите ќе траат од 30 до 40 минути и потребно е учесниците да имаат пристап до интернет-конекција и наставата да ја следат преку десктоп-компјутер, лаптоп или мобилен телефон кој ја поддржува апликацијата „Зум“.

ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

При пријавувањето задолжително оставете валидна е-адреса. Во делот на Персонализирана порака напишете го името на детето што ќе ја посетува наставата. На истата е-адреса на која ќе го пријавите ќе добиете и линк за приклучување на наставата.

Дополнително, за подобро следење на наставата, треба да бидете приклучени 10 минути порано и за време на наставата децата да бидат сами, доколку дозволуваат условите. Доколку им е потребна техничка асистенција, секогаш да имаат на располагање возрасна личност, родител/старател кој би им помогнал.

Часовите за време на летната школа ќе се одржуваат двонасочно, односно, ќе има интеракција со наставникот и учениците. 

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање на оваа е-адреса: info@svetotnabibi.mk

Претплати се на нашиот електронски информатор