Пакетот содржи: Друштвена игра, Новогодишна сказна, Новогодишна боенка и Карти со предизвици. Доставата на пакетчињата започнува после 15 декември.
Ако сакате да го израдувате вашето дете или да подарите убав подарок за роденден, ви предлагаме вашиот избор да бидe куклата со ликот на Биби. Кадифените кукли од „Светот на Биби“ се први македонски кукли во сериско производство.
Што е тоа? Дали навистина Боби направи роботче!? Јипирипи! Со помош на Зина, Зази и Биби, роботчето Р1 оживува и почнува да прави неверојатни работи. Тоа не само што ја претвори гаражата на Боби во суперопремена лабораторија, туку отвара и - портал! Портал што ќе ги однесе Биби, Боби. Зази и Зина... Каде? Ќе прочитате во оваа книга...