Друштвена игра ШТО СУМ ЈАС?
Играта „Што сум јас?“ e интерактивна друштвена игра со ултрамегаспецијални очила и 60 картички што ги предизвикува играчите да поставуваат паметни прашања за да ја погодат тајната карта!
Со табла, жетони за помош и очила, оваа игра нуди радост и смеење како за деца, така и за возрасни, идеална за семејни вечери, дружења и патувања. Поттикнува креативност, логичко размислување и весела конкуренција! ако се игра „Што сум јас?“
Оваа игра е за 2 играчи. Сетот содржи 60 картички, табла, жетони за помош и очила. Картичките содржат поими од неколку категории: животни, предмети, храна и професии.
Првиот играч влече една картичка од купот и ја закачува на своите очила без да ја види. Тој поставува прашања на кои другиот играч одговара со да или не (на пример: Дали сум животно? Дали живеам на фарма? Дали јадам трева? Дали сум опасно за другите?) Фигурите за играње се Зази и Зина. Зази почнува од портокаловото поле СТАРТ, а Зина од синото поле СТАРТ. Доколку играчот погоди, оди две полиња напред на таблата, доколку не успее да погоди, се враќа едно поле назад.
Победник е тој што прв ќе стигне до Биби или Боби.
Помош: секој играч има право да искористи два жетони за помош. Доколку играчот бара помош, другиот кажува збор или реченица со најпрепознатливата карактеристика на поимот (на пример: Имаш долг врат, асоцијација за жирафа). Ако погоди со помошта, тогаш играчот оди само едно поле напред.
Играта може да се игра и без таблата, на пример, за време на патувања, вечера или слично и тогаш може да учествуваат повеќе играчи.
690.00ден
На залиха
Можеби сте заинтересирани за…
Фустанчето на Биби 2026
Ова жолто фустанче инспирирано од Биби совршено ја комбинира удобноста и стилот за секојдневни активности или посебни пригоди.
Изработено со внимание на деталите и посветено на најмалите обожаватели на „Светот на Биби“, фустанчето е лесно за носење, меко на допир и со креативен дизајн што ја буди детската имагинација.
Супер избор за подарок, фотосесии или за игра што носи радост и самоувереност — ова фустанче ќе стане омилен моден дел во гардеробата на вашето дете!
Достапни големини и димензии:
-
2 години: должина 22 см; ширина 46 см
-
3 години: должина 24 см; ширина 48 см
-
4 години: должина 26 см; ширина 50 см
-
5 години: должина 28 см; ширина 52 см
-
6 години: должина 30 см; ширина 54 см
-
7 години: должина 32 см; ширина 56 см
-
8 години: должина 34 см; ширина 58 см
-
9 години: должина 36 см; ширина 60 см
Столче Биби и Боби
Создадете му на вашето дете свое омилено катче за игра, одмор или авантури на отворено со новото детско преклопно столче од Светот на Биби.
Со весел дизајн украсен со омилените ликови Биби и Боби, ова столче е идеален придружник за пикник, плажа, кампување, двор, тераса или семејни излети. Благодарение на лесната метална конструкција и практичниот преклопен механизам, лесно се носи и складира, па секогаш е подготвено за нови детски авантури.
Удобното седиште и потпирачите за раце обезбедуваат пријатно седење, додека веселите бои ќе внесат насмевка во секој детски ден.
Карактеристики:
- Преклопен дизајн – лесно се отвора и затвора.
- Цврста метална конструкција.
- Лесно и практично за носење.
- Удобни потпирачи за раце.
- Идеално за плажа, двор, кампување, пикник и патувања.
- Ексклузивен дизајн со ликовите од Светот на Биби.
Нека секоја пауза за одмор биде уште повесела со Биби и Боби! ☀️


