Прикажани се сите 10 резултатиSorted by latest
ПАТ ОКОЛУ „СВЕТОТ НА БИБИ“
ФАРМА – 4 во 1 забавни игри
Откријте го светот на фармата со Фарма – друштвена игра со Биби и Боби! Овој едукативен сет комбинира четири игри во едно: Меморија, Домино, Карти и Сложувалка, идеален за деца од 3 години нагоре.
-
Меморија – развива концентрација и визуелно паметење
-
Домино – учи препознавање слики и логичко поврзување
-
Карти – поттикнува внимание, брзо размислување и социјална интеракција
-
Сложувалка (пазл) – ја развива фината моторика и координацијата рака‑око
Развојни придобивки: Поттикнува концентрација, логика, меморија, тимски дух, комуникација, стрпение и прецизност.
Играта е совршена комбинација на забава и учење – децата низ игра го откриваат светот на фармата, животните и природата, додека ги развиваат моторичките и когнитивните способности.
НЕ ЛУТИ СЕ ДРУГАРЧЕ !
НАПОЛНИ ЈА КОШНИЧКАТА
ЕДЕН ДЕН СО БИБИ- сложувалка
Сетот „Еден ден со Биби“ го носи магичниот свет на Биби во секојдневието!
Вклучува голема сложувалка, сликовница и картичка (пиши‑бриши) за утринска и вечерна рутина – идеален за развој на концентрација, креативност и учење преку игра.
Овој сет е забавен додаток за деца кои сакаат да откриваат, поврзуваат и научат нови активности со омилениот лик Биби.
ИГРА НА ЗНАЕЊЕ -Друштвена игра
Откријте ја „Игра на знаења“ – првата македонска фамилијарна игра од Светот на Биби што носи забава и учење за целото семејство!
Играте со коцка, 60 карти и фигури на омилените ликови Биби, Боби, Зази и самовилата Луна, додека одговарате на прашања и извршувате забавни активности!
Играта развива логичко размислување, комуникација и тимска соработка — совршена за семејни вечери или дружби!
БИНГО СО БУКВИ-Друштвена игра
„БУУУ“-Друштвена игра
Започни забава полна со стратегија и тимска соработка со играта „БУУУ“!
Тимот играчи со заеднички потфати мора да стигне до замокот на Бу пред лошата вештерка и да ѝ го спречи маѓепсувањето.
Играта содржи 5 жетони со ликови и 52 картички за движење – за динамични потези, неверојатни пресврти и возбудлива забава за целото семејство.
Играта завршува кога сите ликови ќе стигнат до замокот.
Доколку вештерката стигне прва, таа е победник.









