Игри со карти
Прикажи 9 12 18

БУКВА ПО БУКВА … ЗБОР!

390.00ден 312.00ден
Со играта „Буква по буква... збор!“ учењето станува забавно и возбудливо! Оваа едукативна игра им помага на децата да ги запознаат буквите, да го збогатат својот речник и да научат да составуваат зборови на интересен начин. Преку препознавање слики и поврзување на буквите, децата ги развиваат концентрацијата, логичкото размислување, меморијата и јазичните вештини. Што содржи играта?
  • 60 картички со слики
  • 60 картички со букви
Како се игра? Картичките со букви се распоредуваат пред двајцата играчи, така што и двајцата можат да ги гледаат. Првиот играч извлекува картичка со слика и има 30 секунди да го состави зборот што одговара на сликата, користејќи ги картичките со букви. Ако успее, ја задржува картичката со слика и продолжува вториот играч. Ако не успее, другиот играч добива можност да го состави зборот.

ФАРМА – 4 во 1 забавни игри

890.00ден 712.00ден

Откријте го светот на фармата со Фарма – друштвена игра со Биби и Боби! Овој едукативен сет комбинира четири игри во едно: Меморија, Домино, Карти и Сложувалка, идеален за деца од 3 години нагоре.

  • Меморија – развива концентрација и визуелно паметење

  • Домино – учи препознавање слики и логичко поврзување

  • Карти – поттикнува внимание, брзо размислување и социјална интеракција

  • Сложувалка (пазл) – ја развива фината моторика и координацијата рака‑око

Развојни придобивки: Поттикнува концентрација, логика, меморија, тимски дух, комуникација, стрпение и прецизност.

Играта е совршена комбинација на забава и учење – децата низ игра го откриваат светот на фармата, животните и природата, додека ги развиваат моторичките и когнитивните способности.

ПОГОДИ ШТО (мини игри)

120.00ден 96.00ден
Забавни мини-игри со картички од „Светот на Биби“ кои ги развиваат вниманието, препознавањето и брзата логика! Играчите мора да погодуваат што претставува картичката преку слушање, набљудување или брза реакција, а победува оној што најдобро ги открива тајните ликови и предмети. Идеална е за семејни игри и дружби со другарчиња! (

МЕМОРИЈА ЗА НАЈМАЛИТЕ

390.00ден 312.00ден
Прва мемориска игра за најмалите: Прекрасен избор помеѓу мемориските игри за најмалите деца направена од тврд картон. Може да биде користена како класична игра меморија или картички за едноставно препознавање ликови од „Светот на Биби“. Родителите може да ги користат овие разнобојни картички да индуцираат одредени зборови. Победник во оваа игра е оној што ќе пронајде повеќе ликови/парови. Сетот е направен со 16 картички.
-Развивање критички вештини: Дизајнирани во препознатливиот стил на „Светот на Биби“, направени од тврд картон, во форма на круг. Секоја илустрација е обоена со едноставна и различна боја за полесно помнење. Совршена за вежбање и подобрување на меморијата, концентрацијата и когнитивното размислување. Гледајте како вашето дете станува сѐ подобро со секое повторување.
-Создадени да траат: Картичките се направени од тврд картон со цел да траат. Секоја картичка е со дијаметар 10 см и дебелина 2 мм. Децата може да експериментираат без можност да се скине картичката.
-Забава за целото семејство: Меморија за најмалите е игра за најмалите, до 4-годишна возраст. Може да ја играат и сами, но е и одлична можност во играта да учествува и целото семејство. Една игра може да трае околу 10 минути, а целиот процес на запознавање со играта, за тоа како се игра и што се прави, трае помалку од 5 минути. Има 8 пара, односно вкупно 16 картички со јунаците на „Светот на Биби“: Биби, Боби, Алфеј, Зази, Зик, Зули, Зина, Зуф.
-Забавата е загарантирана: Едукативна игра за ран развој, создадена со многу љубов од Светот на Биби

МЕМОРИЈА-Дружината на Биби (мини игри)

120.00ден 96.00ден
Забавна и едноставна игра за тренинг на паметењето! Овој сет со картички од „Светот на Биби“ ги развива концентрацијата, визуелното паметење и вниманието додека играчите бараат парови. Идеална е за деца, за семејни игри или како лесна забава на патување — едноставно преврти, запомни и пронајди ги паровите!

ЛОШИТЕ ПИРАТИ (мини игри)

120.00ден 96.00ден

Забавни мини-игри со картички од „Светот на Биби“ за весела забава со другарчиња или семејството!

Играчите влечат и комбинираат картички со цел да формираат парови, а играта завршува кога некому ќе му остане „картата со Лошите пирати“ – со многу смеа и возбудливи пресврти.

Доколку картата со Лошите пирати се извади од шпилот, картичките може да се користат и за игра Меморија, што ја прави оваа игра уште поразновидна и забавна.

КОЈ ПРВ?

290.00ден 232.00ден
"Кој прв?" е одлична игра за подобрување на фокусот, брзината на реакција и вниманието на играчите. Играта се состои од 55 картички, секоја картичка има 8 симболи на неа, било кои две картички имаат точно еден симбол кој е ист на двете картички. Идејата е да се пронајде истиот симбол меѓу две картички. Играта се состои од неколку различни начини на игра, но во сите игри играчите треба да го пронајдат истиот симбол на своите картички, и тоа што побрзо. Играта е наменета за сите возрасти и може да играат до четири играчи во еден момент. Забавата е загарантирана!

КАДЕ Е ЖИЖИ? (мини игри)

120.00ден 96.00ден

Забавни и едноставни мини игри со картички од омилените ликови од „Светот на Биби“!

Играта развива внимание и брза реакција — играчите редат и вадат картички, кажуваат лик и се обидуваат да бидат први кои ќе стават рака кога ќе се појави Жижи.

Победува оној со најмногу освоени картички!

Прекрасна за забава со семејството и другарчињата.

ИГРА НА ПРЕДИЗВИЦИ (мини игри)

120.00ден 96.00ден
Забавна мини игра полна со предизвици за сите! Играчите влечат картички со различни задачи — ако успеат да го направат предизвикот, освојуваат картичка „БРАВО“. Играта трае додека не се потрошат сите „БРАВО“ картички, а победник е оној со најмногу освоени поени. Прекрасна за дружба, смеа и развој на координација, креативно размислување и социјална интеракција!