Прикажувам 1–12 од 15 резултати
Активности со броеви 2
„Активности со броеви од Светот на Биби“ е едукативна и интерактивна книга наменета за деца од предучилишна и рана училишна возраст. Преку забавни задачи, броење, поврзување, боење и решавање едноставни математички предизвици, децата ги запознаваат броевите и основните математички поими на лесен и разбирлив начин.
Заедно со Биби, Боби , малите читатели учат да бројат, споредуваат количини и препознаваат бројки низ игра и авантура. Книгата го поттикнува логичкото размислување, концентрацијата и љубовта кон учењето, претворајќи ја математиката во весела и мотивирачка активност.
Бибиверзум 1 (Активности наменета за деца од ПРВО одделение) + Магазин за деца Светот на Биби
Бибиверзум 2 (Активности наменета за деца од ВТОРО одделение)+ Магазин за деца Светот на Биби
Бибиверзум 3 (Активности наменета за деца одТРЕТО одделение)+ Магазин за деца Светот на Биби
Бибиверзум 4 (Активности за деца од ЧЕТВРТО одделение)+ магазин за деца Светот на Биби
БУКВАРОТ НА БИБИ
„Букварот на Биби“ – забавен и едукативен буквар за деца
Овој буквар е неопходно четиво за секое дете што се запознава со буквите, читањето и пишувањето. Во него се пополнува, се црта, се бои и се пишува. А тој е неизбежен за секоја детска библиотека.Со помош на омилените ликови Биби и Боби, децата :
- Лесно и на забавен начин ги препознаваат и учат печатните и ракописните букви
- Пишуваат, бојат и пополнуваат задачи што развиваат графомоторички вештини
- Читаат, рецитираат и пеат заедно со ликовите, што го прави учењето радосно и интерактивно
- Се подготвуваат за читање и пишување во училиште и секојдневниот живот.
Идеален подарок за деца кои започнуваат со писменост – ова дело ќе им помогне да го засакаат учењето на буквите и зборовите со многу смеа и креативни активности!
Добре дојдовте првачиња
Можам да читам! Во градината на Биби и Боби
Оваа книга е специјално дизајнирана за деца што прават први чекори во читањето, со едноставни реченици и познати поими што им помагаат да ја развијат самодовербата и радоста од читањето.
Во ова издание, Биби и Боби ги водат децата низ приказните и активностите во градината, каде што учат, играат и откриваат нови работи за секојдневниот живот.
Зошто е одлична за деца:
- Јасен и лесен текст за почетно читање
- Теми блиски до светот на детето
- Поттикнува љубов кон книгите и самостојно читање
Перфектна за училиштe или дома, оваа книга е одличен придружник на првите чекори на детето во светот на читањето.
Можам да читам! Здраво… и добра ноќ
Оваа забавна и едукативна книга е создадена да им помогне на децата да започнат со читањето на едноставни реченици преку две омилени теми: здраво (секоdневни ситуации) и добра ноќ (вечерни ритуали).
Што ја прави посебна:
- Текстови прилагодени за деца што започнуваат да читаат
- Јасни, кратки реченици и познати поими
- Поттикнува самодоверба и љубов кон читањето
- Одлична за заедничко читање со родителите или самостојно учење
Ова е идеална книга за деца кои прават первите чекори во читањето, со теми што им се блиски и интересни, што ќе ги мотивира да развиваат вештини и љубов кон книгите.
Пакет ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА 2026
Новата училишна година започнува со многу радост, учење и забава!
Подарете им на најмалите совршена подготовка за првото училишно ѕвонче со пакетот „Добредојде првачиња со Биби и Боби“.
Создаден специјално за идните првачиња, пакетот содржи едукативни материјали кои преку игра и активности ги поттикнуваат првите чекори во пишувањето, читањето, броењето и развивањето на креативноста.
Состав на пакетот:
- Тетратка А4 формат
- „Учиме да пишуваме и читаме со Биби и Боби“
- „Претшколски активности со Биби и Боби“
- „Активности со броеви“
- „Активности со букви“
- „Пишуванка“
- Распоред на часови
- Молив
Со омилените ликови Биби и Боби, учењето станува забавно, интересно и мотивирачко. Совршен избор за подготовка пред тргнување во прво одделение!
Пакет Претшколски активности со Биби и Боби – 2026
Подгответе ги најмалите за нови знаења и предизвици со забавниот и едукативен пакет „Претшколски активности со Биби и Боби – 2026“!
Пакетот е наменет за развој на детските способности преку цртање, боење, решавање задачи и креативни активности. Со помош на омилените ликови од Светот на Биби, децата учат низ игра и го развиваат своето внимание, логика и моторика.
Состав на пакетот:
- „Претшколски активности со Биби и Боби“
- Боенка „Обој ја Македонија“
- „Бибот роботчиња х 3“
- „Цртаме чекор по чекор“
- „Пишуванка“
- Стикери со ликовите од Биби и Боби
Совршен избор за развој на детската креативност, љубопитност и основните вештини преку забавно учење со Биби и Боби
Пишуванка „Светот на Биби“
Оваа специјално подготвена пишуванка е наменета да им помогне на децата да вежбаат и усовршуваат пишување на зборовите што веќе ги знаат од приказните и содржините на „Светот на Биби“. Преку примери и активности, децата прво ќе пишуваат заедно со водичот, а подоцна ќе се осамостојат и ќе ја градат својата доверба во пишувањето сами.
Што добива детето:
- Лесно и забавно учење пишување со зборови од „Светот на Биби“
- Вежби што развиваат графомоторички вештини
- Самостојност во пишувањето и самодоверба





