Боенки и активности
Прикажи 9 12 18

Водена боенка „Colour O’Clock“ со Биби и Боби

490.00ден
Откријте магија на боите со новата водена боенка од Светот на Биби! Со помош на четка и вода црно-белите ликови оживуваат во боја, откривакќи ги омилените детски херои од „Светот на Биби. Креативна забава за малите уметници! Забава без неред, идеална за малите креативци!

Водена боенка „Светот на Биби“

490.00ден

„Водена боенка Светот на Биби“ е иновативна и забавна активност за најмалите дечиња што комбинира игра и учење преку боја – без боички и моливи. Со специјална четка што се наполнува со вода, детето само поминува преку страниците и магично се појавуваат шарени бои и илустрации. Откако страниците ќе се исушат, боите исчезнуваат, што значи дека книгата може повторно да се користи за бескрајна забава.

Оваа боенка е идеална за развивање на:
•  Фината моторика и координација рака‑око
•  Креативноста и визуелната перцепција
•  Љубопитност кај најмалите додека ја откриваат магијата на бојата преку вода

„Водена боенка Светот на Биби“ е едноставен, безбеден и повторливо интерактивен начин за децата да уживаат во боење додека истовремено учат и истражуваат преку игра.

АЗБУКА И БРОЕВИ (Активности со 90+ стикери)

200.00ден

„Активности со Биби и Боби – 90+ стикери за Азбука и Броеви“ е забавна и интерактивна книга што ги комбинира учењето и играта во едно магично искуство. Наменета за деца од предучилишна и рана училишна возраст, книгата им помага на најмалите да ги совладаат буквите од азбуката и броевите преку лепење стикери, поврзување, броење, боење и решавање едноставни задачи.

Со повеќе од 90 шарени стикери и омилените ликови Биби и Боби, секоја страница претставува нова авантура низ која децата развиваат предчитачки и математички вештини, фината моторика и логичкото размислување. Учењето станува игра исполнета со радост, креативност и самодоверба.

Боенка: БИБИ, БОБИ И КУЌИЧКАТА ОД ЧОКОЛАДО

99.00ден

„Боенка – Биби, Боби и куќичката од чоколадо“ е забавна и креативна боенка инспирирана од приказната за волшебна куќичка од чоколадо. Децата можат да ги обојат сцените со Биби, Боби и нивните пријатели додека ги следат нивните авантури, откриваат детали и ја развиваат својата имагинација.

Преку боењето, малите уметници ја подобруваат фината моторика, вниманието кон детали и се поттикнуваат да ја оживеат магичната приказна со сопствени бои и креативност.

ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК (Активности со 90+ стикери)

200.00ден

„Овошје и зеленчук – Активности со 90+ стикери“ е едукативна и забавна книга што ги запознава децата со светот на здравата храна преку игра и креативни задачи. Преку лепење на повеќе од 90 шарени стикери, боење, поврзување и препознавање, децата учат да разликуваат овошје од зеленчук, ги откриваат нивните бои, форми и придобивки и развиваат здрави навики од најмала возраст.

Книгата поттикнува љубопитност, фина моторика и основни когнитивни вештини, претворајќи го учењето во вкусна и весела авантура.

ЦРТАМЕ ЧЕКОР ПО ЧЕКОР СО БИБИ И БОБИ (Нацртај ги ликовите)

99.00ден

„Цртаме чекор по чекор со Биби и Боби – Нацртај ги ликовите“ е креативна и едукативна книга што им помага на децата лесно и самоуверено да научат да цртаат. Преку јасно прикажани чекори и едноставни форми, малите уметници постепено ги создаваат омилените ликови Биби, Боби и нивните пријатели.

Книгата ја развива фината моторика, концентрацијата и чувството за форма и пропорција, поттикнувајќи ја детската креативност и самостојност. Со секоја нова страница, децата откриваат дека цртањето е забавно, лесно и достапно за секого.

УЧИМЕ ДА ЧИТАМЕ И ПИШУВАМЕ СО БИБИ И БОБИ

99.00ден
„Учиме да читаме и пишуваме со Биби и Боби“ е уникатно издание кое ги воведува децата во светот на буквите и зборовите. Со помош на Биби и Боби, најмалите ќе ги совладаат основите на читање и пишување преку забавни активности и вежби. Идеално за првите чекори во писменоста!

СНЕЖНИ АКТИВНОСТИ

99.00ден

„Снежни активности“ е забавна и креативна книга исполнета со зимска магија и игриви предизвици. Преку лавиринти, боење, поврзување точки, решавање задачи и интересни игри, децата уживаат во снежни авантури додека ги развиваат вниманието, логиката и фината моторика.

Секоја страница носи нова зимска приказна и поттикнува радост, имагинација и учење преку игра – совршено дружење во студените денови.

ПРЕТШКОЛСКИ АКТИВНОСТИ СО БИБИ И БОБИ

99.00ден
Претшколски активности со Биби и Боби“ е забавно и едукативно издание наменето за најмалите. Со оваа книга, децата ќе научат основни претшколски вештини преку интересни задачи и игри, водени од омилените ликови Биби и Боби. Совршена за подготвување на вашето дете за училиште!

ПРАЗНИЧНА БОЕНКА

99.00ден

„Празнична боенка“ е шарена и радосна книга исполнета со празнични мотиви и весели илустрации подготвени за боење. Преку различни сцени инспирирани од празничната атмосфера, децата ја развиваат својата креативност, фантазија и фина моторика.

Боењето станува забавен начин за изразување, релаксација и создавање сопствена празнична магија, исполнета со боја, радост и насмевки.

ПИШУВАНКА „Светот на Биби“

190.00ден

Оваа специјално подготвена пишуванка е наменета да им помогне на децата да вежбаат и усовршуваат пишување на зборовите што веќе ги знаат од приказните и содржините на „Светот на Биби“. Преку примери и активности, децата прво ќе пишуваат заедно со водичот, а подоцна ќе се осамостојат и ќе ја градат својата доверба во пишувањето сами.

Што добива детето:
- Лесно и забавно учење пишување со зборови од „Светот на Биби“
- Вежби што развиваат графомоторички вештини
- Самостојност во пишувањето и самодоверба

Боенка – ОБОЈ ЈА МАКЕДОНИЈА

99.00ден
Боенка со 16 страници преку кои децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Светот на Биби“. Забавна боенка со празнични цртежи.