Магазин за деца и родители „Биби и Боби“
Овој магазин е вистинска ризница на знаење, забава и креативност.
Запознајте ја Амелија Ерхарт – инспиративна приказна за првата жена пилот која го прелета Атлантикот; Патуваме во Франција; Мистеријата на Мона Лиза – откријте зошто нејзината насмевка ги фасцинира сите; Патување до Крушево – низ детски очи до нашиот културен бисер; Игри, лавиринти, осумнасочници и мозочни предизвици – совршени за развивање на умот и креативноста; Приказни за семејно читање – идеални за топли празнични моменти; Бонус – друштвена игра што ќе донесе забава за целото семејство; Преку списанието ќе имате можност да учестувавате и во креативниот предизвик, за најдобрите од креативниот предизвик подготвивме големо изненадување – специјални гости на нивниот роденден во 2025 година, маскотите на Биби и Боби! Јееј!
Списанието содржи и подарок специјални сликички за новиот албум „Сказните на Биби“! Во 36 страници спакувавме едукација и забава што ќе ги освојат и децата и родителите!
200.00ден 50.00ден
На залиха
Генерални информации
| Издавач |
Светот на Биби |
|---|---|
| Автор |
Билјана С. Црвенковска ,Бојан Трифуновски ,Валентина Динова |
| Арт-дирекција |
Михајло Димитриевски – Тхе Мичо |
| Јазик |
Македонски |
| Повез |
Мек повез |
| Формат |
21 Х 30 |
| Број на страници |
36 |
Можеби сте заинтересирани за…
Пат околу „Светот на Биби“
Моите први 100 зборчиња (картонска сликовница за најмалите)
Книгата е дизајнирана така што е лесна за држење со мали рачиња и содржи шарени илустрации што го привлекуваат детското внимание, истовремено поттикнувајќи љубопитност и љубов кон читањето уште од најрана возраст.
Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.
✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите
ПРИКАЗНИ ЗА ДОБРА НОЌ НА МАМА АНА 1
„Приказни за добра ноќ“ – 5 приказни за мирен сон
Времето пред спиење може да биде најтоплиот дел од денот – моменти на гушкање, тивко читање и насмевки. Но кога заспивањето оди потешко, вистинската приказна прави чуда.
Оваа книга содржи 5 внимателно одбрани, смирувачки приказни создадени да делуваат приспивно и да му помогнат на детето побрзо и полесно да отплови во земјата на соништата.
- Совршена за вечерен ритуал
- Создава мирна и сигурна атмосфера
- Го претвора легнувањето во омилен дел од денот
Подарете му на вашето дете спокојни ноќи и убави соништа со оваа топла збирка од Светот на Биби.
СКАЗНИТЕ НА БИБИ 2+1
Летна понуда во „Светот на Биби“!
Уживајте во пакетот „Сказните на Биби 2+1“ – одберете две сликовници, а третата ја добивате на подарок!
👉 Во напомена при нарачката наведете кои сликовници сакате да ги добиете.
Акцијата трае од 15.07.2026 до 14.08.2026 или до трошење на количините! Подарете им на децата повеќе приказни, смеа и магични моменти со Биби„Сказните на Биби“ – Албум + специјални сликички со ликовите од Светот на Биби
Започнете ја најубавата колекционерска авантура со Биби и Боби!
За сите љубители на Светот на Биби, подготвивме посебен комплет кој го содржи албумот „Сказните на Биби“ и сите специјални сликички од омилените ликови и приказни.
Во албумот ве очекуваат волшебни приказни, интересни ликови и многу моменти за собирање и лепење.
Комплетот содржи:
- Албум „Сказните на Биби“
- Специјални сликички за секоја сказна и лик од Светот на Биби
- Специјални сликички со картичка за секоја сказна и лик од Светот на Биби
Со овој комплет ги добивате најпосебните сликички од колекцијата, а за целосно пополнување на албумот потребно е дополнително да ги собирате само стандардните сликички за албумот.
Цена на специјалниот комплет: 299 денари
Собирајте, лепете и откривајте ги сите приказни од магичниот свет на Биби и Боби! ❤️
Достапно во нашата веб-продавница и кај продажните места








