Азбука и броеви (Активности со 90+ стикери)
„Активности со Биби и Боби – 90+ стикери за Азбука и Броеви“ е забавна и интерактивна книга што ги комбинира учењето и играта во едно магично искуство. Наменета за деца од предучилишна и рана училишна возраст, книгата им помага на најмалите да ги совладаат буквите од азбуката и броевите преку лепење стикери, поврзување, броење, боење и решавање едноставни задачи.
Со повеќе од 90 шарени стикери и омилените ликови Биби и Боби, секоја страница претставува нова авантура низ која децата развиваат предчитачки и математички вештини, фината моторика и логичкото размислување. Учењето станува игра исполнета со радост, креативност и самодоверба.
200.00ден
На залиха
Генерални информации
| Издавач |
Светот на Биби |
|---|---|
| Автор |
Билјана С. Црвенковска ,Ивана Јовановска |
| Арт-дирекција |
Михајло Димитриевски – Тхе Мичо |
| Јазик |
Македонски |
| Повез |
Мек повез |
| Формат |
21 Х 30 |
| Број на страници |
15 |



