Едно палаво гостинче ќе ѝ дојде на Биби во посета. Таа е возбудена и сака заедно со Боби да му покаже што се прави додека е дома. Но, гостинот е немирко и не знае да се однесува убаво. Да не ве потсетува ова однесување на некого? Па, да, тоа е диносаурусчето Даро! Јееј!
Биби и Боби го поминуваат зимскиот распуст на планина: се скијаат, се санкаат и играат во снегот. Но, откако ќе откријат пештера скриена во снегот, почнува нивната неверојатна авантура - во скриениот град Мразилово каде што ги чекаат необичните жители, но и некои стари пријатели...
Другарчиња, се изгубија очилата на бувот Илин! Како сега ќе ги чита приказните за добра ноќ? Расте немирот во Волшебната шума: животните се уморни и ненаспани. Биби и Боби се обидуваат да помогнат, но... можеби планот на мрзливецот е решението?