Игри на табла
Прикажи 9 12 18

Деца против родители

690.00ден
Започнете весели семејни моменти со „Деца против родители“ – забавна интерактивна игра што ги вклучува сите! Содржи 40 картички со прашања и предизвици, табла за игра, коцка и 2 фигури, дизајнирани така што и децата и возрасните имаат еднаква шанса да победат. Играта поттикнува смеа, тимска работа и креативна конкуренција – идеална за семејни вечери, дружби и забава со награди!

Друштвена игра ШТО СУМ ЈАС?

690.00ден
Играта „Што сум јас?“ e интерактивна друштвена игра со ултрамегаспецијални очила и 60 картички што ги предизвикува играчите да поставуваат паметни прашања за да ја погодат тајната карта! Со табла, жетони за помош и очила, оваа игра нуди радост и смеење како за деца, така и за возрасни, идеална за семејни вечери, дружења и патувања. Поттикнува креативност, логичко размислување и весела конкуренција! ако се игра „Што сум јас?“ Оваа игра е за 2 играчи. Сетот содржи 60 картички, табла, жетони за помош и очила. Картичките содржат поими од неколку категории: животни, предмети, храна и професии. Првиот играч влече една картичка од купот и ја закачува на своите очила без да ја види. Тој поставува прашања на кои другиот играч одговара со да или не (на пример: Дали сум животно? Дали живеам на фарма? Дали јадам трева? Дали сум опасно за другите?) Фигурите за играње се Зази и Зина. Зази почнува од портокаловото поле СТАРТ, а Зина од синото поле СТАРТ. Доколку играчот погоди, оди две полиња напред на таблата, доколку не успее да погоди, се враќа едно поле назад. Победник е тој што прв ќе стигне до Биби или Боби. Помош: секој играч има право да искористи два жетони за помош. Доколку играчот бара помош, другиот кажува збор или реченица со најпрепознатливата карактеристика на поимот (на пример: Имаш долг врат, асоцијација за жирафа). Ако погоди со помошта, тогаш играчот оди само едно поле напред. Играта може да се игра и без таблата, на пример, за време на патувања, вечера или слично и тогаш може да учествуваат повеќе играчи.

Друштвена игра: „БУУУ“

690.00ден

Започни забава полна со стратегија и тимска соработка со играта „БУУУ“!

Тимот играчи со заеднички потфати мора да стигне до замокот на Бу пред лошата вештерка и да ѝ го спречи маѓепсувањето.

Играта содржи 5 жетони со ликови и 52 картички за движење – за динамични потези, неверојатни пресврти и возбудлива забава за целото семејство.

Играта завршува кога сите ликови ќе стигнат до замокот.

Доколку вештерката стигне прва, таа е победник.

Друштвена игра: БИНГО СО БУКВИ

590.00ден
Забавна и едукативна друштвена игра за деца со која учењето на буквите станува лесно и забавно! Секоја буква е претставена со слика, а играта развива внимание, меморија и препознавање, идеална за семејство, градинка или игра со другарчиња. Погодна за деца од 4+ години – совршена комбинација на игра и учење!

Друштвена игра: ИГРА НА ЗНАЕЊЕ

690.00ден

Откријте ја „Игра на знаења“ – првата македонска фамилијарна игра од Светот на Биби што носи забава и учење за целото семејство!

Играте со коцка, 60 карти и фигури на омилените ликови Биби, Боби, Зази и самовилата Луна, додека одговарате на прашања и извршувате забавни активности!

Играта развива логичко размислување, комуникација и тимска соработка — совршена за семејни вечери или дружби!

Друштвена игра: ФАРМА – 4 во 1 забавни игри

890.00ден

Откријте го светот на фармата со Фарма – друштвена игра со Биби и Боби! Овој едукативен сет комбинира четири игри во едно: Меморија, Домино, Карти и Сложувалка, идеален за деца од 3 години нагоре.

  • Меморија – развива концентрација и визуелно паметење

  • Домино – учи препознавање слики и логичко поврзување

  • Карти – поттикнува внимание, брзо размислување и социјална интеракција

  • Сложувалка (пазл) – ја развива фината моторика и координацијата рака‑око

Развојни придобивки: Поттикнува концентрација, логика, меморија, тимски дух, комуникација, стрпение и прецизност.

Играта е совршена комбинација на забава и учење – децата низ игра го откриваат светот на фармата, животните и природата, додека ги развиваат моторичките и когнитивните способности.

Наполни ја кошничката

590.00ден
Весела игра за брза реакција и внимание! Играта содржи картички со различни предмети, а играчите се натпреваруваат кој најбрзо ќе ја „наполнa“ својата кошничка со точни предмети. Поттикнува внимание, брза перцепција и координација рака-око, идеална за семејни игри и дружења со другарчиња.

Не лути се, другарче!

390.00ден
абавна и динамична игра за дружба и учење! Играчите се движат по таблата, решаваат предизвици и се обидуваат да стигнат први до целта, со весели пресврти и соработка. Оваа игра ја развива комуникацијата, логичкото размислување и тимскиот дух, идеална за семејни игри и дружења со другарчиња.

Сложувалка ЕДЕН ДЕН СО БИБИ

590.00ден

Сетот „Еден ден со Биби“ го носи магичниот свет на Биби во секојдневието!

Вклучува голема сложувалка, сликовница и картичка (пиши‑бриши) за утринска и вечерна рутина – идеален за развој на концентрација, креативност и учење преку игра.

Овој сет е забавен додаток за деца кои сакаат да откриваат, поврзуваат и научат нови активности со омилениот лик Биби.