Филтер по цена
Прикажани се сите 7 резултати
Друштвена игра: ФАРМА – 4 во 1 забавни игри
Откријте го светот на фармата со Фарма – друштвена игра со Биби и Боби! Овој едукативен сет комбинира четири игри во едно: Меморија, Домино, Карти и Сложувалка, идеален за деца од 3 години нагоре.
-
Меморија – развива концентрација и визуелно паметење
-
Домино – учи препознавање слики и логичко поврзување
-
Карти – поттикнува внимание, брзо размислување и социјална интеракција
-
Сложувалка (пазл) – ја развива фината моторика и координацијата рака‑око
Развојни придобивки: Поттикнува концентрација, логика, меморија, тимски дух, комуникација, стрпение и прецизност.
Играта е совршена комбинација на забава и учење – децата низ игра го откриваат светот на фармата, животните и природата, додека ги развиваат моторичките и когнитивните способности.
Игра на предизвици (мини игри)
Каде е Жижи? (мини игри)
Забавни и едноставни мини игри со картички од омилените ликови од „Светот на Биби“!
Играта развива внимание и брза реакција — играчите редат и вадат картички, кажуваат лик и се обидуваат да бидат први кои ќе стават рака кога ќе се појави Жижи.
Победува оној со најмногу освоени картички!
Прекрасна за забава со семејството и другарчињата.
Кој прв?
Лошите пирати (мини игри)
Забавни мини-игри со картички од „Светот на Биби“ за весела забава со другарчиња или семејството!
Играчите влечат и комбинираат картички со цел да формираат парови, а играта завршува кога некому ќе му остане „картата со Лошите пирати“ – со многу смеа и возбудливи пресврти.
Доколку картата со Лошите пирати се извади од шпилот, картичките може да се користат и за игра Меморија, што ја прави оваа игра уште поразновидна и забавна.







