Прикажи 9 12 18

ИГРА НА ЗНАЕЊЕ -Друштвена игра

690.00ден 552.00ден

Откријте ја „Игра на знаења“ – првата македонска фамилијарна игра од Светот на Биби што носи забава и учење за целото семејство!

Играте со коцка, 60 карти и фигури на омилените ликови Биби, Боби, Зази и самовилата Луна, додека одговарате на прашања и извршувате забавни активности!

Играта развива логичко размислување, комуникација и тимска соработка — совршена за семејни вечери или дружби!

БИНГО СО БУКВИ-Друштвена игра

590.00ден 472.00ден
Забавна и едукативна друштвена игра за деца со која учењето на буквите станува лесно и забавно! Секоја буква е претставена со слика, а играта развива внимание, меморија и препознавање, идеална за семејство, градинка или игра со другарчиња. Погодна за деца од 4+ години – совршена комбинација на игра и учење!

„БУУУ“-Друштвена игра

690.00ден 552.00ден

Започни забава полна со стратегија и тимска соработка со играта „БУУУ“!

Тимот играчи со заеднички потфати мора да стигне до замокот на Бу пред лошата вештерка и да ѝ го спречи маѓепсувањето.

Играта содржи 5 жетони со ликови и 52 картички за движење – за динамични потези, неверојатни пресврти и возбудлива забава за целото семејство.

Играта завршува кога сите ликови ќе стигнат до замокот.

Доколку вештерката стигне прва, таа е победник.

ШТО СУМ ЈАС? – Друштвена игра

690.00ден 552.00ден
Играта „Што сум јас?“ e интерактивна друштвена игра со ултрамегаспецијални очила и 60 картички што ги предизвикува играчите да поставуваат паметни прашања за да ја погодат тајната карта! Со табла, жетони за помош и очила, оваа игра нуди радост и смеење како за деца, така и за возрасни, идеална за семејни вечери, дружења и патувања. Поттикнува креативност, логичко размислување и весела конкуренција! ако се игра „Што сум јас?“ Оваа игра е за 2 играчи. Сетот содржи 60 картички, табла, жетони за помош и очила. Картичките содржат поими од неколку категории: животни, предмети, храна и професии. Првиот играч влече една картичка од купот и ја закачува на своите очила без да ја види. Тој поставува прашања на кои другиот играч одговара со да или не (на пример: Дали сум животно? Дали живеам на фарма? Дали јадам трева? Дали сум опасно за другите?) Фигурите за играње се Зази и Зина. Зази почнува од портокаловото поле СТАРТ, а Зина од синото поле СТАРТ. Доколку играчот погоди, оди две полиња напред на таблата, доколку не успее да погоди, се враќа едно поле назад. Победник е тој што прв ќе стигне до Биби или Боби. Помош: секој играч има право да искористи два жетони за помош. Доколку играчот бара помош, другиот кажува збор или реченица со најпрепознатливата карактеристика на поимот (на пример: Имаш долг врат, асоцијација за жирафа). Ако погоди со помошта, тогаш играчот оди само едно поле напред. Играта може да се игра и без таблата, на пример, за време на патувања, вечера или слично и тогаш може да учествуваат повеќе играчи.

ДЕЦА ПРОТИВ РОДИТЕЛИ-Друштвена игра

690.00ден 552.00ден
Започнете весели семејни моменти со „Деца против родители“ – забавна интерактивна игра што ги вклучува сите! Содржи 40 картички со прашања и предизвици, табла за игра, коцка и 2 фигури, дизајнирани така што и децата и возрасните имаат еднаква шанса да победат. Играта поттикнува смеа, тимска работа и креативна конкуренција – идеална за семејни вечери, дружби и забава со награди!