Игри и играчки
Прикажи 9 12 18

МЕМОРИЈА ЗА НАЈМАЛИТЕ

390.00ден
Прва мемориска игра за најмалите: Прекрасен избор помеѓу мемориските игри за најмалите деца направена од тврд картон. Може да биде користена како класична игра меморија или картички за едноставно препознавање ликови од „Светот на Биби“. Родителите може да ги користат овие разнобојни картички да индуцираат одредени зборови. Победник во оваа игра е оној што ќе пронајде повеќе ликови/парови. Сетот е направен со 16 картички.
-Развивање критички вештини: Дизајнирани во препознатливиот стил на „Светот на Биби“, направени од тврд картон, во форма на круг. Секоја илустрација е обоена со едноставна и различна боја за полесно помнење. Совршена за вежбање и подобрување на меморијата, концентрацијата и когнитивното размислување. Гледајте како вашето дете станува сѐ подобро со секое повторување.
-Создадени да траат: Картичките се направени од тврд картон со цел да траат. Секоја картичка е со дијаметар 10 см и дебелина 2 мм. Децата може да експериментираат без можност да се скине картичката.
-Забава за целото семејство: Меморија за најмалите е игра за најмалите, до 4-годишна возраст. Може да ја играат и сами, но е и одлична можност во играта да учествува и целото семејство. Една игра може да трае околу 10 минути, а целиот процес на запознавање со играта, за тоа како се игра и што се прави, трае помалку од 5 минути. Има 8 пара, односно вкупно 16 картички со јунаците на „Светот на Биби“: Биби, Боби, Алфеј, Зази, Зик, Зули, Зина, Зуф.
-Забавата е загарантирана: Едукативна игра за ран развој, создадена со многу љубов од Светот на Биби

МЕМОРИЈА-Дружината на Биби (мини игри)

120.00ден
Забавна и едноставна игра за тренинг на паметењето! Овој сет со картички од „Светот на Биби“ ги развива концентрацијата, визуелното паметење и вниманието додека играчите бараат парови. Идеална е за деца, за семејни игри или како лесна забава на патување — едноставно преврти, запомни и пронајди ги паровите!

МАЧЕТО ГАРО – Кадифена кукла

390.00ден

Запознајте го мачето Гаро – мека кадифена играчка од Светот на Биби!

Гаро е идеален за децата кои сакаат да се гушкаат, да си играат и да уживаат во друштво на своите омилени ликови. Мекиот и пријатен материјал го прави совршен за гушкање, игра и секојдневни детски авантури.

Симпатичен и разигран, Гаро лесно ќе стане омилен детски придружник.

  • Димензии: 9 × 13 × 10 см
  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно

САМОВИЛАТА ЛУНА – Кадифена кукла

590.00ден
Запознајте ја самовилата Луна – мека кадифена играчка од светот на Биби! Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден. Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца и љубители на симпатични џувлиња, совршена за родендени и посебни моменти

ЛОШИТЕ ПИРАТИ (мини игри)

120.00ден 96.00ден

Забавни мини-игри со картички од „Светот на Биби“ за весела забава со другарчиња или семејството!

Играчите влечат и комбинираат картички со цел да формираат парови, а играта завршува кога некому ќе му остане „картата со Лошите пирати“ – со многу смеа и возбудливи пресврти.

Доколку картата со Лошите пирати се извади од шпилот, картичките може да се користат и за игра Меморија, што ја прави оваа игра уште поразновидна и забавна.

ЛАВИЦАТА ЛЕОНА – Кадифена кукла

590.00ден

Запознајте ја лавицата Леона – мека кадифена играчка од Светот на Биби!

Нежна, весела и преслатка, Леона е совршена за малите љубители на животните и омилените ликови од светот на Биби. Таа е секогаш подготвена за гушкање, игра и нови детски авантури.

Благодарение на мекиот и пријатен материјал, Леона е идеална за гушкање и секојдневно дружење, а со својот симпатичен изглед лесно ќе стане омилен детски придружник.

  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно
  • Димензии: 23 × 7 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

ЛАВОТ ЛЕО – Кадифена кукла

590.00ден

Запознајте го лавот Лео – мека кадифена играчка од Светот на Биби!

Лео е симпатичен, весел и нежен лик кој лесно ќе ги освои срцата на најмалите. Идеален е за децата кои сакаат да се гушкаат, да си играат и да уживаат во друштво на своите омилени ликови.

Мекиот и пријатен материјал го прави совршен за гушкање, игра и секојдневни детски авантури. Лео лесно ќе стане омилен детски придружник.

  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно
  • Димензии: 26 × 15 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

КОФИЧКА – сет за на плажа

250.00ден

Кофичка сет за на плажа – сè што им е потребно на најмалите за забавна игра со песок!

Сетот е одличен за игра на плажа, во песок или во двор. Со кофичката и додатоците, децата можат да копаат, полнат, пресипуваат и да создаваат свои мали песочни креации. Ги развива моторичките вештини и креативната забава на најмалите додека истражуваат песокот и градат форми и фигури.

  • Препорачана возраст: 3+
  • Материјал: Пластика
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

КОЈ ПРВ?

390.00ден
"Кој прв?" е одлична игра за подобрување на фокусот, брзината на реакција и вниманието на играчите. Играта се состои од 55 картички, секоја картичка има 8 симболи на неа, било кои две картички имаат точно еден симбол кој е ист на двете картички. Идејата е да се пронајде истиот симбол меѓу две картички. Играта се состои од неколку различни начини на игра, но во сите игри играчите треба да го пронајдат истиот симбол на своите картички, и тоа што побрзо. Играта е наменета за сите возрасти и може да играат до четири играчи во еден момент. Забавата е загарантирана!

КАПЕТАНОТ ПИРАТ – Кадифена кукла

590.00ден 472.00ден

Запознајте го Капетанот Пират – мека кадифена играчка од Светот на Биби!

Храбар, разигран и секогаш подготвен за нова авантура, Капетанот Пират е совршен придружник за малите љубители на пиратски приказни и возбудливи детски игри со Биби и Боби. Со него, секоја игра може да стане нова авантура исполнета со фантазија и забава.

Мекиот и пријатен материјал го прави идеален за гушкање, игра и секојдневни детски моменти. Капетанот Пират лесно ќе стане омилен лик во детските игри.

  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно
  • Димензии: 25 × 11 см
  • Должина на краците: 9 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

КАДЕ Е ЖИЖИ? (мини игри)

120.00ден 96.00ден

Забавни и едноставни мини игри со картички од омилените ликови од „Светот на Биби“!

Играта развива внимание и брза реакција — играчите редат и вадат картички, кажуваат лик и се обидуваат да бидат први кои ќе стават рака кога ќе се појави Жижи.

Победува оној со најмногу освоени картички!

Прекрасна за забава со семејството и другарчињата.

ИГРА НА ПРЕДИЗВИЦИ (мини игри)

120.00ден
Забавна мини игра полна со предизвици за сите! Играчите влечат картички со различни задачи — ако успеат да го направат предизвикот, освојуваат картичка „БРАВО“. Играта трае додека не се потрошат сите „БРАВО“ картички, а победник е оној со најмногу освоени поени. Прекрасна за дружба, смеа и развој на координација, креативно размислување и социјална интеракција!