Игри и играчки
Прикажи 9 12 18

„БУУУ“-Друштвена игра

690.00ден

Започни забава полна со стратегија и тимска соработка со играта „БУУУ“!

Тимот играчи со заеднички потфати мора да стигне до замокот на Бу пред лошата вештерка и да ѝ го спречи маѓепсувањето.

Играта содржи 5 жетони со ликови и 52 картички за движење – за динамични потези, неверојатни пресврти и возбудлива забава за целото семејство.

Играта завршува кога сите ликови ќе стигнат до замокот.

Доколку вештерката стигне прва, таа е победник.

ШТО СУМ ЈАС? – Друштвена игра

690.00ден
Играта „Што сум јас?“ e интерактивна друштвена игра со ултрамегаспецијални очила и 60 картички што ги предизвикува играчите да поставуваат паметни прашања за да ја погодат тајната карта! Со табла, жетони за помош и очила, оваа игра нуди радост и смеење како за деца, така и за возрасни, идеална за семејни вечери, дружења и патувања. Поттикнува креативност, логичко размислување и весела конкуренција! ако се игра „Што сум јас?“ Оваа игра е за 2 играчи. Сетот содржи 60 картички, табла, жетони за помош и очила. Картичките содржат поими од неколку категории: животни, предмети, храна и професии. Првиот играч влече една картичка од купот и ја закачува на своите очила без да ја види. Тој поставува прашања на кои другиот играч одговара со да или не (на пример: Дали сум животно? Дали живеам на фарма? Дали јадам трева? Дали сум опасно за другите?) Фигурите за играње се Зази и Зина. Зази почнува од портокаловото поле СТАРТ, а Зина од синото поле СТАРТ. Доколку играчот погоди, оди две полиња напред на таблата, доколку не успее да погоди, се враќа едно поле назад. Победник е тој што прв ќе стигне до Биби или Боби. Помош: секој играч има право да искористи два жетони за помош. Доколку играчот бара помош, другиот кажува збор или реченица со најпрепознатливата карактеристика на поимот (на пример: Имаш долг врат, асоцијација за жирафа). Ако погоди со помошта, тогаш играчот оди само едно поле напред. Играта може да се игра и без таблата, на пример, за време на патувања, вечера или слично и тогаш може да учествуваат повеќе играчи.

ДЕЦА ПРОТИВ РОДИТЕЛИ-Друштвена игра

690.00ден
Започнете весели семејни моменти со „Деца против родители“ – забавна интерактивна игра што ги вклучува сите! Содржи 40 картички со прашања и предизвици, табла за игра, коцка и 2 фигури, дизајнирани така што и децата и возрасните имаат еднаква шанса да победат. Играта поттикнува смеа, тимска работа и креативна конкуренција – идеална за семејни вечери, дружби и забава со награди!

ДЕСИ- Кадифена кукла

590.00ден

Запознајте ја Деси – чудовиштето од Охридското Езеро, мека кадифена играчка од Светот на Биби!

Деси е идеална за децата кои сакаат да се гушкаат, да си играат и да уживаат во светот на своите омилени ликови. Мекиот и пријатен материјал ја прави совршена за гушкање, игра и секојдневни детски авантури.

Симпатична и разиграна, Деси лесно ќе стане омилен детски придружник.

  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно
  • Димензии: 20,5 × 26,5 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

ДЕДО МРАЗ ОД ЗАЗ – Кадифена кукла

690.00ден

Запознајте го Дедо Мраз од Заз – омилениот празничен лик од Светот на Биби, кој оживува од страниците на сликовниците на Заз и носи празнична магија, радост и убави изненадувања за најмалите.

Овој симпатичен кадифен Дедо Мраз е инспириран од сликовниците „Дедо Мраз од Заз“ и „Подароци од планетата Заз“, во кои децата ги следат неговите празнични авантури и приказни исполнети со топлина, радост и фантазија.

Мек, нежен и пријатен за гушкање, Дедо Мраз од Заз е совршен придружник за празничните денови и за сите мали љубители на волшебниот свет на Биби.

  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно
  • Димензии: 25 × 15 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

ДАРО – Кадифена кукла

590.00ден

Запознајте го диносаурусот Даро – мека кадифена играчка од Светот на Биби!

Даро е вистинско палавко и немирко, секогаш подготвено за нова игра и нова авантура. Со својот весел и симпатичен карактер, тој е еден од ликовите кои децата едноставно ги обожаваат.

Мекиот и пријатен материјал го прави совршен за гушкање, игра и секојдневни детски авантури. Даро лесно ќе стане омилен детски придружник и дел од нивните најзабавни игри.

  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно
  • Димензии: 27 × 19 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

СНЕШКО ГОГО мини – Кадифена кукла

390.00ден 312.00ден
Запознајте мини снешко Гого – мека кадифена играчка од светот на Биби! Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден. Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти

ВЕРВЕРИЧКАТА ВЕРА – Кадифена кукла

690.00ден 552.00ден

Запознајте ја верверичката Вера – нежна и симпатична кадифена играчка од Светот на Биби!

Вера е весела и слатка верверичка која со својот симпатичен изглед веднаш ги освојува најмалите. Нејзиното меко кадифено тело е идеално за гушкање, игра и детско дружење, а Вера лесно ќе стане дел од омилените детски приказни и игри.

Како лик од Светот на Биби, Вера е прекрасен придружник за малите љубители на симпатични животински ликови и волшебни детски авантури.

  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно
  • Димензии: 23 × 21 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

ВАМПИРЧЕТО БУ – Кадифена кукла

690.00ден

Запознајте го Вампирчето Бу – мека кадифена играчка од Светот на Биби!

Бу е симпатично и разиграно вампирче кое ги освојува најмалите со своите необични авантури и весел карактер. Мекиот и пријатен материјал го прави совршен за гушкање, игра и секојдневно дружење.

Светот на Вампирчето Бу продолжува и низ различни забавни и едукативни содржини. Децата можат да го запознаат Бу и преку друштвената игра „Бууу“, сликовницата „Вампирчето Бу“, сложувалките Бу и играта „Кој прв?“.

Така, омилениот лик може да биде дел од детската игра на различни начини – преку приказни, сложувалки и друштвени игри.

  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно
  • Димензии: 13 × 21 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

БУВОТ ИЛИН – Кадифена кукла

690.00ден

Запознајте го Бувот Илин – мека кадифена играчка од Светот на Биби!

Илин е симпатичен и нежен лик кој ќе ги освои најмалите со својот препознатлив изглед. Совршен е за децата кои сакаат да се гушкаат, да си играат и да уживаат во друштво на своите омилени ликови. Неговото меко кадифено тело е пријатно за гушкање, игра и секојдневно дружење.

Бувот Илин е познат и од сликовницата „Бувот Илин“, во која заедно со Биби и Боби децата се впуштаат во една забавна авантура во Волшебната шума.

  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно
  • Боја: Сина
  • Димензии: 18 × 15 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.

БОБИ – Кадифена кукла (25 см)

690.00ден
Запознајте го Боби – мека кадифена играчка од Светот на Биби! Боби е идеален за децата кои сакаат да се гушкаат, да си играат и да уживаат во друштво на својот омилен лик. Мекиот и пријатен материјал го прави совршен за гушкање, игра и секојдневни детски авантури. Разигран и симпатичен, Боби лесно ќе стане омилен детски придружник.
  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно
  • Димензии: 25 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.  

Еднорогот АЛФЕЈ- Кадифена кукла

590.00ден

Запознајте го еднорогот Алфеј – мека кадифена играчка од Светот на Биби!

Алфеј е нежен, симпатичен и магичен лик кој ќе ги освои срцата на најмалите. Совршен е за децата кои сакаат да се гушкаат, да си играат и да создаваат свои волшебни приказни и авантури.

Мекиот и пријатен материјал го прави идеален за гушкање, игра и секојдневни моменти исполнети со детска фантазија. Алфеј лесно ќе стане омилен детски придружник.

  • Препорачана возраст: 3+
  • Состав: Полиестерско влакно
  • Димензии: 24 × 19 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.