Прикажувам 121–129 од 129 резултати
Учиме за човечкото тело
„Учиме за човечкото тело“ – познавање на нашето тело низ забавна книга
Оваа едукативна и инспиративна книга со интересни факти и објаснувања ги воведува децата во светот на најчудесниот „машински“ систем што постои — човечкото тело. Преку едноставни и лесно разбирливи прикази, децата ќе научат како телото работи, зошто е важно секој дел и колку е неверојатно способно да прави различни работи.
- Поттикнува љубопитност, знаење и разбирање на сопственото тело
- Одлична за деца кои сакаат да истражуваат и учат
- Одличен подарок што спојува забава и учење
Фи ја губи моќта
Малата вештерка Фи одеднаш останува без својата магија и светот околу неа почнува да изгледа поинаков и постуден. Дали тоа значи дека сѐ е изгубено?
Биби и Боби не се откажуваат од својата пријателка и тргнуваат во нова авантура исполнета со предизвици, надеж и храброст. Низ искушенијата што ги минуваат заедно, тие откриваат дека вистинската сила не доаѓа само од магијата, туку од пријателството и вербата еден во друг.
Ќе успее ли Фи да си ги врати своите способности и повторно да заблеска?
Цртаме чекот по чекор со Биби и Боби (Нацртај ги ликовите)
„Цртаме чекор по чекор со Биби и Боби – Нацртај ги ликовите“ е креативна и едукативна книга што им помага на децата лесно и самоуверено да научат да цртаат. Преку јасно прикажани чекори и едноставни форми, малите уметници постепено ги создаваат омилените ликови Биби, Боби и нивните пријатели.
Книгата ја развива фината моторика, концентрацијата и чувството за форма и пропорција, поттикнувајќи ја детската креативност и самостојност. Со секоја нова страница, децата откриваат дека цртањето е забавно, лесно и достапно за секого.
Чет, чет, чет… Четкај ги запчињата
Колку посебен ден! Тато Тино им подготвува незаборавно изненадување на Биби и Боби – кампување во дневната соба, во две малечки шаторчиња, додека мама Ана е на пат.
А кога се кампува, се знае – се јадат сендвичиња, колачиња и се пие топло чоколадо! Но по слатката забава доаѓа и важната мисија: чет, чет, чет – време е за четкање на запчињата!
Дали Биби и Боби ќе научат дека грижата за забите е дел од секоја авантура? Забавна и поучна приказна што ги учи децата дека здравата насмевка е најубавото кампинг-искуство.
Читанката на Биби
Џиновска инвазија
Алфеј вознемирено лета кон Биби и Боби – нешто многу важно се случува во Скриената долина!
Прекрасната, мирна долина на еднорозите е нападната од џиновите од Џин-земја. Кој може да ја запре оваа страшна џиновска инвазија и да ја врати мирната магија во долината?
Придружете се на Биби, Боби и нивните пријатели во возбудлива авантура полна со храброст, фантазија и многу непредвидливи моменти!
Шумска револуција
Целата шума е на нозе! Жителите се обединуваат за да го одбранат најстариот чинар – дрвото што ги собира сите под својата сенка и од кое се прави највкусното кремче. Но мирот е нарушен кога лош ловец пристигнува со својот бучен багер, решен да го сруши древното дрво.
Дали храброста, заедништвото и љубовта кон природата ќе бидат доволни за да ја спасат шумата? Во оваа возбудлива приказна, малите читатели учат дека кога сме обединети, можеме да заштитиме сè што ни е важно.
Шумски пожар
Што се случува во волшебната шума? Од каде се појави густиот чад што се издига над високите дрвја? Дали некој навистина подметнал пожар?
Оооо... Пук-пук! Шшшш! Пламените јазици се шират, а животните исплашено бараат засолниште. Биби и Боби веднаш ја повикуваат малата вештерка Филимена, и заедно организираат храбра акција за гаснење на пожарот.
Со магија, досетливост и тимска работа тие се обидуваат не само да ја спасат шумата, туку и да откријат кој стои зад оваа опасна тајна. Дали ќе го пронајдат виновникот пред да биде предоцна?
Сказните на Биби 2+1
Саемска магија во „Светот на Биби“!
Овој Саем на книга, подарете им на најмалите уште повеќе приказни и насмевки 💫
🎁 Едиција „Сказните на Биби“ – АКЦИЈА 2+1 ГРАТИС! Одберете 2 сликовници, а третата ја добивате подарок!
Волшебни приказни, шарени илустрации и незаборавни авантури со Биби – совршен избор за квалитетно време и развој на љубов кон читањето.
- Понудата е со ограничено времетраење – искористете ја додека трае саемската магија!
- Во напомена при нарачката наведете кои сликовници сакате да ги добиете.















