Печатени изданија
Прикажи 9 12 18

Боенка: БИБИ, БОБИ И КУЌИЧКАТА ОД ЧОКОЛАДО

99.00ден

„Боенка – Биби, Боби и куќичката од чоколадо“ е забавна и креативна боенка инспирирана од приказната за волшебна куќичка од чоколадо. Децата можат да ги обојат сцените со Биби, Боби и нивните пријатели додека ги следат нивните авантури, откриваат детали и ја развиваат својата имагинација.

Преку боењето, малите уметници ја подобруваат фината моторика, вниманието кон детали и се поттикнуваат да ја оживеат магичната приказна со сопствени бои и креативност.

сл, БИБИ, БОБИ И СНЕЖНАТА КРАЛИЦА

200.00ден
Биби и Боби тргнуваат на магична авантура за да ја запознаат мистериозната Снежна кралица. 
Заедно ќе се соочат со зимски предизвици, ќе доживеат неверојатни моменти полни со магија и ќе откријат дека пријателството и храброста се најсилната моќ.

ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК (Активности со 90+ стикери)

200.00ден

„Овошје и зеленчук – Активности со 90+ стикери“ е едукативна и забавна книга што ги запознава децата со светот на здравата храна преку игра и креативни задачи. Преку лепење на повеќе од 90 шарени стикери, боење, поврзување и препознавање, децата учат да разликуваат овошје од зеленчук, ги откриваат нивните бои, форми и придобивки и развиваат здрави навики од најмала возраст.

Книгата поттикнува љубопитност, фина моторика и основни когнитивни вештини, претворајќи го учењето во вкусна и весела авантура.

сл. ДЕДО МРАЗ ОД ЗАЗ

200.00ден

Ноќта пред Нова година Биби и Боби со нетрпение го очекуваат Дедо Мраз. Сè е подготвено - елката свети, се јадат колачиња, а тие се нестрпливи да видат што ќе им донесе Дедо Мраз. Но… оваа година се случи нешто што не се случило никогаш ама баш никогаш. Дедо Мраз се разболе!

Што ќе се случи сега? Кој ќе им ги донесе подароците на сите деца во светот?

Не грижете се - помошта пристигнува од најочекувано место: планетата Заз!

Весела, топла и интерактивна приказна со активности што ќе ве насмеат и ќе ви покажат дека чуда навистина постојат!

ЦРТАМЕ ЧЕКОР ПО ЧЕКОР СО БИБИ И БОБИ (Нацртај ги ликовите)

99.00ден

„Цртаме чекор по чекор со Биби и Боби – Нацртај ги ликовите“ е креативна и едукативна книга што им помага на децата лесно и самоуверено да научат да цртаат. Преку јасно прикажани чекори и едноставни форми, малите уметници постепено ги создаваат омилените ликови Биби, Боби и нивните пријатели.

Книгата ја развива фината моторика, концентрацијата и чувството за форма и пропорција, поттикнувајќи ја детската креативност и самостојност. Со секоја нова страница, децата откриваат дека цртањето е забавно, лесно и достапно за секого.

СУПЕР ДРУГАРЧИЊА (премиум издание)

390.00ден

Оваа шарена и инспиративна книга ги запознава децата со супер другарчињата и ја покажува важноста на прифаќање на различностите и инклузија во општеството. Преку забавни приказни и ликови што ги сакаат децата, книгата учи на пријателство, емпатија и разбирање на светот околу нив.

✔ Поттикнува љубопитност, емпатија и социјални вредности
✔ Совршена за деца до 7 години
✔ Одличен подарок што ги учи децата да бидат добри другари и да прифаќаат различности

✨ Радост, учење и важни животни лекции – сето тоа во една шарена книга што ќе го сакаат децата и родителите.

сл. ЗАБАВАТА НА ЗЛАТКО ХАЏИ ЗАЈКОВ

200.00ден
Запознајте го Златко Хаџи Зајков – весело зајаче со големо срце и уште поголема желба да приреди незаборавна забава во шумата! Во оваа шарена приказна од Светот на Биби, децата ќе ја следат неговата подготовка, дружењето со пријателите и радоста што се создава кога сите се заедно. Сликовницата носи порака за пријателството, споделувањето и убавината на заедничките моменти.

сл. БИБИ И БОБИ ВО ЕЗЕРСКИТЕ ДЛАБОЧИНИ

200.00денПарче
Биби и Боби го поминуваат летниот распуст покрај брегот на Охридското Езеро. На прв поглед се е прекрасно, но Биби се вџашува кога ќе види дека езерото е полно со пластика и отпадоци. Таа предлага да почнат да ја собираат пластиката што ќе ја најдат, иако - да се исчисти целото езеро звучи како невозможна мисија! Ооо, нешто СТРАШНО се бранува и клокоти на дното на езерото!

сл. ЧЕТ, ЧЕТ. ЧЕТ…ЧЕТКАЈ ГИ ЗАПЧИЊАТА

200.00ден

Колку посебен ден! Тато Тино им подготвува незаборавно изненадување на Биби и Боби – кампување во дневната соба, во две малечки шаторчиња, додека мама Ана е на пат.

А кога се кампува, се знае – се јадат сендвичиња, колачиња и се пие топло чоколадо! Но по слатката забава доаѓа и важната мисија: чет, чет, чет – време е за четкање на запчињата!

Дали Биби и Боби ќе научат дека грижата за забите е дел од секоја авантура? Забавна и поучна приказна што ги учи децата дека здравата насмевка е најубавото кампинг-искуство.

сл. МЕДЕНАТА АВАНТУРА НА БИБИ И БОБИ

200.00ден
Во Волшебната шума се вселуваат нови жители – Медо Штедо и Медена.
Биби и Боби ги посетуваат и добиваат корисни совети како да штедат за да ги остварат своите соништа. Боби учи како да си постави цели, да не ги троши сите пари на слатки задоволства и непотребни играчки, и заедно со Биби, паричка по паричка, успеваат да заштедат за убави и корисни работи.

сл. ШУМСКИ ПОЖАР

200.00ден

Што се случува во волшебната шума? Од каде се појави густиот чад што се издига над високите дрвја? Дали некој навистина подметнал пожар?

Оооо... Пук-пук! Шшшш! Пламените јазици се шират, а животните исплашено бараат засолниште. Биби и Боби веднаш ја повикуваат малата вештерка Филимена, и заедно организираат храбра акција за гаснење на пожарот.

Со магија, досетливост и тимска работа тие се обидуваат не само да ја спасат шумата, туку и да откријат кој стои зад оваа опасна тајна. Дали ќе го пронајдат виновникот пред да биде предоцна?

сл. ШУМСКА РЕВОЛУЦИЈА

200.00ден

Целата шума е на нозе! Жителите се обединуваат за да го одбранат најстариот чинар – дрвото што ги собира сите под својата сенка и од кое се прави највкусното кремче. Но мирот е нарушен кога лош ловец пристигнува со својот бучен багер, решен да го сруши древното дрво.

Дали храброста, заедништвото и љубовта кон природата ќе бидат доволни за да ја спасат шумата? Во оваа возбудлива приказна, малите читатели учат дека кога сме обединети, можеме да заштитиме сè што ни е важно.