Во волшебната шума се доселуваат нови, необични жители. Какви? Па... мошне мрзлив(ц)и! Сите освен еден, кој е поинаков од нив. Не бидете мрзливи и прочитајте веднаш како Боби и малиот мрзливец Мики си ги заменија местата и што се случуваше потоа...
Прекрасна, волшебна, снежна авантура на Биби, Боби и еден неверојатен, фантастичен, односно снешкастичен - снешко! А зошто е толку снешкастичен, ќе откриете читајќи ја оваа сказна.