Производи
Прикажувам 13–24 од 318 резултатиSorted by latest
Салфетки Бoби- Paper napkins Bobby 16/1
160.00ден
Салфетки Биби- Paper napkins Bibi 16/1
160.00ден
ОВОШЈЕ (картонска сликовница за најмалите)
290.00ден
Најмалите уживаат во книги кои имаат ритам, рима и повторување.
Кои книги се соодветни за нив?
– Книги со едноставни и светли бои или контрасни слики бидејќи на тој начин може полесно да се фокусираат;
– Книги со различна текстура;
– Книги со слики од деца;
– Меки, водоотпорни, картонски или платнени книги;
– Книги за храна, транспорт, животни;
– Книги што имаат илустрации од едноставни предмети/објекти
Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.
ПАТ ОКОЛУ „СВЕТОТ НА БИБИ“
690.00ден
БРОЈ НА ИГРАЧИ: 2-4
ЕЛЕМЕНТИ: табла, коцка, фигури, медали, карти, листа со точни одговори на прашања
КАКО СЕ ИГРА ОВАА ИГРА: Пред да започне играта, медалите за специјалните полиња се редат на таблата според сликичката (срце, капа или лист). Играчите фрлаат коцка за да одредат кој ќе почне прв. Почнува оној што ќе добие најголем број. Секој играч почнува од полето КУЌА, каде што ја става својата фигура. Потоа ја фрла коцката и се движи онолку полиња колку што покажува бројката.
Откако ќе застане на одредено поле, играчот треба да извлече карта со прашање. Доколку точно одговори, си ја зема картата (и со тоа добива еден поен на крајот од играта). Доколку не знае да одговори на некое прашање, не добива поен и картата се враќа на дното од купчето со карти.
Ако застане на поле на кое има медал, треба да ја изврши мисијата напишана на тоа поле и ќе добие медал за СУПЕРДРУГАР, АВАНТУРИСТ или ЗАШТИТНИК НА ПРИРОДАТА. Овие медали ги добива само оној играч што прв ќе стапне на тоа поле.
Играчот кој прв ќе стигне до полето КУЌА, добива специјален медал кој носи 5 поени. Вториот добива медал кој носи 3 поени, третиот 2 и последниот играч добива медал со 1 поен. Играта завршува откако сите ќе се вратат на полето КУЌА.
Напомена: За играчот да пристигне на целта, мора да фрли точна бројка за да ги помине полињата до целта.
Во тој момент играчите ги собираат освоените поени од картите и медалите. Победник е оној што има најмногу поени, без разлика кој стигнал прв до полето КУЌА.
Детски чадор (Жолт)
590.00ден
Шарен и практичен детски чадор со омилените ликови од „Светот на Биби“, создаден да ги заштити најмалите од дожд и сонце. Лесен е за користење и прилагоден за детски рачиња, а неговата цврста конструкција обезбедува сигурност и удобност при секоја прошетка. Совршен избор за во градинка, училиште и сите детски авантури, без разлика на времето.
Детски чадор (Син)
590.00ден
Шарен и практичен детски чадор со омилените ликови од „Светот на Биби“, создаден да ги заштити најмалите од дожд и сонце. Лесен е за користење и прилагоден за детски рачиња, а неговата цврста конструкција обезбедува сигурност и удобност при секоја прошетка. Совршен избор за во градинка, училиште и сите детски авантури, без разлика на времето.
БУКВА ПО БУКВА … ЗБОР!
390.00ден
Буква по буква...збор! 💓
Што содржи оваа игра❓
Содржи 60 картички со слики и 60 картички со букви.
Како се игра❓
Картичките со букви се распоредуваат така што да можат да ги гледаат двајцата играчи. Првиот играч влече една од картичките со слики и со помош на картичките со букви, за 30 секунди, треба да го состави зборот што се однесува на сликата. Ако успее, ја задржува картичката со слика и продолжува вториот играч. Ако не успее, другиот играч има шанса да го стори тоа.
Доколку и двајцата играчи не успеат да го состават зборот, картичката се враќа најдолу во купчето. Победник е тој што ќе собере повеќе картички со слики, односно што ќе има поголем број составени зборови.
Вчитај повеќе производи
Се вчитува...






