Becutan шампон и купка 2во1 Биби и Боби со мирис на bubble gum.(син)
Идеална комбинација на 2 производи во 1, за нега и заштита на детската кожа и коса.
Во својот состав содржи благо површински активни материи од природно потекло кои овозможуваат двојна намена на производот.
Една од состојките во производот, Glyceryl Oleate, која припаѓа на групата биолипиди, е дел од природниот физиолошки слој на кожата, со што овозможува одржување и јакнење на нејзината заштитна функција.
Содржи екстракт од алое вера кој делува смирувачки врз кожата, и ја спречува појавата на иритација и црвенило. Д-пантенолот и екстрактот од пченични ‘ркулци ја регулираат влажноста на кожата и ја заштитуваат од сушење, истовремено придонесуваат косата да биде сјајна и мека, полесна за расчешлување.
Со своето двојно дејство и pH вредност блиска до вредноста на здравата кожа, овој производ овозможува целосна нега на детската кожа и коса.
По капењето кожата ќе биде нежна и мека, а косата сјајна и лесна за расчешлување.
Достапен во две формулации – добропознатото Becutan шампон и пенливо средство и формулација збогатена со мирис на bubble gum за сите љубители на неодоливо слатките мириси!
189.00ден
На залиха
Можеби сте заинтересирани за…
Колекционерски комплет „Светот на Биби“ + сите сликички
НОВО! Комплетно пополнување на албумот – без барање сликички!
Детската радост сега е уште поголема!
Од денес, Албумот „Светот на Биби“ е достапен во комплетен пакет – албум + сите 190 самолепливи сликички што му припаѓаат. Останува само најубавиот дел – заедно со вашето дете да ги залепите сликичките и да уживате во секоја страница.
Албумот има 48 страници исполнети со омилените приказни, ликови и авантури од Светот на Биби. Лепењето на сликичките не е само игра – тоа е заедничко семејно доживување кое ја поттикнува внимателноста, фината моторика и љубовта кон книгите.
Комплетот содржи: Албум „Сказните на Биби“ Сите 190 самолепливи сликички за негово целосно пополнување
Цена на комплетот: 1.990 денари
Без чекање, без размена и без недостигачки сликички – сè што ви е потребно е во еден пакет!
Создадете спомен што ќе остане засекогаш и претворете го пополнувањето на албумот во незаборавна семејна авантура со Биби и Боби.
Нарачајте го вашиот комплет преку порака или на нашата веб-продавница. Напомена: Комплетот содржи албум и сите сликички за негово целосно пополнување. Поради специјалната понуда и цена, не следува дополнителен подарок.


