Биби и Боби во пустината Тоби
Биби и Боби тргнуваат во возбудлива авантура низ големата пустина Тоби, јавајќи камили и истражувајќи ги величествените пирамиди. Но, палавиот Боби не може без малку бељи!
Токму кога љубопитноста ќе го однесе предалеку… упс! Од никаде се појавува џиновска шепа! Чија е таа и што ќе се случи понатаму?
Откријте во оваа возбудлива сликовница за пријателство, храброст и изненадувања од серијалот Светот на Биби!
200.00ден
На залиха
Генерални информации
| Издавач |
Светот на Биби |
|---|---|
| Автор |
Билјана С. Црвенковска |
| Арт-дирекција |
Михајло Димитриевски – Тхе Мичо |
| Јазик |
Македонски |
| Формат |
21×21 cm |
| Број на страници |
30 |
| Повез |
Мек повез |
Можеби сте заинтересирани за…
Карантинските хроники на Тхе Мичо
„Карантински хроники“ е книга од едицијата Светот на Биби што се фокусира на искуства, емоции и секојдневни случувања на Биби и Боби додека се соочуваат со периодот на карантин. Преку забавни и топли приказни, најмалите читатели може да ги следат нивните мисли, чувства и начини на справување со новиот режим на живот – како играње дома, учење од далечина, грижа едни за други и пронаоѓање креативни авантури во ограничени услови.
Книгата помага на децата да ги разберат сопствените емоции и предизвици поврзани со карантинот, ја развива нивната емпатија и им дава чувство на сигурност преку препознавање на слични ситуации во животот на омилените ликови.
Ова се само дел од досетливите и полни со хумор илустрации на Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, кои произлегоа од светската пандемија на Ковид-19, карантинот, дисциплинираното #седетедома и полициските часови. Како се олабавуваа мерките, така Мичо секојдневно си ја завршуваше зададената задача и постираше по една илустрација од секојдневието. Сите илустрации, вкупно 82, собрани во едно издание под наслов Quarantine chronicles („Карантински хроники“)

