Бибиверзум 4 (Активности за деца од ЧЕТВРТО одделение)+ магазин за деца Светот на Биби
Книга со активности наменета за деца од ЧЕТВРТО одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење на учениците од четврто одделение, со цел подобрување на концентрацијата, графомоторички вежби, математички вежби и одгатнување на загатки. Повторување на знаењата за именките, глаголите, придавките, синоними и антоними, аритмагони, крстозбори, кодирање и итн. и дополнително Магазин за деца Светот на Биби кој е вистинска ризница на знаење, забава и креативност.
Запознајте ја Амелија Ерхарт – инспиративна приказна за првата жена пилот која го прелета Атлантикот; Патуваме во Франција; Мистеријата на Мона Лиза – откријте зошто нејзината насмевка ги фасцинира сите; Патување до Крушево – низ детски очи до нашиот културен бисер; Игри, лавиринти, осумнасочници и мозочни предизвици – совршени за развивање на умот и креативноста; Приказни за семејно читање – идеални за топли празнични моменти; Бонус – друштвена игра што ќе донесе забава за целото семејство; Преку списанието ќе имате можност да учестувавате и во креативниот предизвик, за најдобрите од креативниот предизвик подготвивме големо изненадување – специјални гости на нивниот роденден во 2025 година, маскотите на Биби и Боби! Јееј!
Списанието содржи и подарок специјални сликички за новиот албум „Сказните на Биби“! Во 36 страници спакувавме едукација и забава што ќе ги освојат и децата и родителите!
420.00ден Original price was: 420.00ден.199.00денCurrent price is: 199.00ден.
На залиха
Генерални информации
| Издавач |
Светот на Биби |
|---|---|
| Автор |
Владанка Д. Урошева |
| Арт-дирекција |
Михајло Димитриевски – Тхе Мичо |
| Јазик |
Македонски |
| Повез |
Мек повез |
| Формат |
21 Х 30 |
| Број на страници |
38 |
