Друштвена игра ШТО СУМ ЈАС?

Играта „Што сум јас?“ e интерактивна друштвена игра со ултрамегаспецијални очила и 60 картички што ги предизвикува играчите да поставуваат паметни прашања за да ја погодат тајната карта!

Со табла, жетони за помош и очила, оваа игра нуди радост и смеење како за деца, така и за возрасни, идеална за семејни вечери, дружења и патувања. Поттикнува креативност, логичко размислување и весела конкуренција! ако се игра „Што сум јас?“

Оваа игра е за 2 играчи. Сетот содржи 60 картички, табла, жетони за помош и очила. Картичките содржат поими од неколку категории: животни, предмети, храна и професии.

Првиот играч влече една картичка од купот и ја закачува на своите очила без да ја види. Тој поставува прашања на кои другиот играч одговара со да или не (на пример: Дали сум животно? Дали живеам на фарма? Дали јадам трева? Дали сум опасно за другите?) Фигурите за играње се Зази и Зина. Зази почнува од портокаловото поле СТАРТ, а Зина од синото поле СТАРТ. Доколку играчот погоди, оди две полиња напред на таблата, доколку не успее да погоди, се враќа едно поле назад.

Победник е тој што прв ќе стигне до Биби или Боби.

Помош: секој играч има право да искористи два жетони за помош. Доколку играчот бара помош, другиот кажува збор или реченица со најпрепознатливата карактеристика на поимот (на пример: Имаш долг врат, асоцијација за жирафа). Ако погоди со помошта, тогаш играчот оди само едно поле напред.
Играта може да се игра и без таблата, на пример, за време на патувања, вечера или слично и тогаш може да учествуваат повеќе играчи.

690.00ден

На залиха

Додајте 2,000.00ден во кошничката и добијте бесплатна испорака!
6 Луѓе го гледаат овој производ сега!