Лавот што не сакаше да биде крал
Животните во шумата се во потрага по своето величество – лавот кој не сака да биде крал.
Биби и Боби се придружуваат во потрагата и откриваат зошто овој необичен лав избегнува да ја преземе својата титула, доживувајќи смешни, возбудливи и поучни моменти за храброста, пријателството и одговорноста.
200.00ден
На залиха
Генерални информации
| Издавач |
Светот на Биби |
|---|---|
| Автор |
Билјана С. Црвенковска |
| Арт-дирекција |
Михајло Димитриевски – Тхе Мичо |
| Јазик |
Македонски |
| Повез |
Мек повез |
| Формат |
21×21 cm |
| Број на страници |
28 |
Можеби сте заинтересирани за…
Кучето Куки
Тоа беше прекрасен и шарен ден во Волшебната шума – исполнет со мирис на цвеќиња и детска смеа. Совршен ден за криенка! Додека Биби, Боби, мрзливецот и Лео се криеја меѓу разнобојните грмушки, налетаа на нешто неочекувано.
Мало, разиграно кученце по име Куки, кое изгледаше изгубено и збунето. Од тој миг започнува нова авантура полна со грижа, возбуда и ново пријателство. Кој е Куки и како ќе стане дел од нивното шарено друштво?
Крокодилчето Локо
Дедо мраз од Заз
Ноќта пред Нова година Биби и Боби со нетрпение го очекуваат Дедо Мраз. Сè е подготвено - елката свети, се јадат колачиња, а тие се нестрпливи да видат што ќе им донесе Дедо Мраз. Но… оваа година се случи нешто што не се случило никогаш ама баш никогаш. Дедо Мраз се разболе!
Што ќе се случи сега? Кој ќе им ги донесе подароците на сите деца во светот?
Не грижете се - помошта пристигнува од најочекувано место: планетата Заз!
Весела, топла и интерактивна приказна со активности што ќе ве насмеат и ќе ви покажат дека чуда навистина постојат!
Водопадот на божилакот
Загрижените еднорози бараат помош, па Биби, Боби и Алфеј се впуштаат во таинствено подземно патување. Дали ќе ја откријат вистината и ќе ја вратат магијата пред долината засекогаш да ја изгуби својата светлина? Какви неочекувани изненадувања ги чекаат длабоко под долината?
Бркотница со жирафата Жижи
Биби, Боби и чудовиштето од Охридското езеро
Заедно откриваат нови начини за забавување, учат како да се справат со стравот и како Деси повеќе да не мора да се крие во длабочините на езерото. Волшебната шумичка добива уште еден жител, а игрите стануваат уште позабавни.
Сликовницата е полна со забавни активности кои ќе ги вклучат децата во магичниот свет на пријателството и авантурите.
Биби, Боби и чудесниот бисер
Но, кога Деси сака да го зачува само за себе, сè се смрачува и во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, Биби и Боби се тука за да помогнат и да ја вратат магијата.









