Магичниот тапан
Биби и Боби, заедно со Фи и Бу, тргнуваат во возбудлива пролетна авантура исполнета со магија и храброст. Кога лоша вештерка ја заробува пролетта и го покрива прекрасниот Галичник со студ и тага, нивниот тим добива важна мисија – да ја разбуди природата со помош на Магичниот тапан. Дали заедништвото, храброста и силата на пријателството ќе бидат доволни за да ја победат вештерката и да ја вратат пролетта во Галичник?
200.00ден
На залиха
Генерални информации
| Издавач |
Светот на Биби |
|---|---|
| Автор |
Бојан Трифуновски |
| Арт-дирекција |
Михајло Димитриевски – Тхе Мичо |
| Јазик |
Македонски |
| Повез |
Мек повез |
| Формат |
21×21 cm |
| Број на страници |
28 |
Можеби сте заинтересирани за…
Лавот што не сакаше да биде крал
Кучето Куки
Тоа беше прекрасен и шарен ден во Волшебната шума – исполнет со мирис на цвеќиња и детска смеа. Совршен ден за криенка! Додека Биби, Боби, мрзливецот и Лео се криеја меѓу разнобојните грмушки, налетаа на нешто неочекувано.
Мало, разиграно кученце по име Куки, кое изгледаше изгубено и збунето. Од тој миг започнува нова авантура полна со грижа, возбуда и ново пријателство. Кој е Куки и како ќе стане дел од нивното шарено друштво?
Крокодилчето Локо
Дедо мраз од Заз
Ноќта пред Нова година Биби и Боби со нетрпение го очекуваат Дедо Мраз. Сè е подготвено - елката свети, се јадат колачиња, а тие се нестрпливи да видат што ќе им донесе Дедо Мраз. Но… оваа година се случи нешто што не се случило никогаш ама баш никогаш. Дедо Мраз се разболе!
Што ќе се случи сега? Кој ќе им ги донесе подароците на сите деца во светот?
Не грижете се - помошта пристигнува од најочекувано место: планетата Заз!
Весела, топла и интерактивна приказна со активности што ќе ве насмеат и ќе ви покажат дека чуда навистина постојат!
Водопадот на божилакот
Загрижените еднорози бараат помош, па Биби, Боби и Алфеј се впуштаат во таинствено подземно патување. Дали ќе ја откријат вистината и ќе ја вратат магијата пред долината засекогаш да ја изгуби својата светлина? Какви неочекувани изненадувања ги чекаат длабоко под долината?
Бркотница со жирафата Жижи
Биби, Боби и чудовиштето од Охридското езеро
Заедно откриваат нови начини за забавување, учат како да се справат со стравот и како Деси повеќе да не мора да се крие во длабочините на езерото. Волшебната шумичка добива уште еден жител, а игрите стануваат уште позабавни.
Сликовницата е полна со забавни активности кои ќе ги вклучат децата во магичниот свет на пријателството и авантурите.











