Пат околу „Светот на Биби“

БРОЈ НА ИГРАЧИ: 2-4

ЕЛЕМЕНТИ: табла, коцка, фигури, медали, карти, листа со точни одговори на прашања

КАКО СЕ ИГРА ОВАА ИГРА: Пред да започне играта, медалите за специјалните полиња се редат на таблата според сликичката (срце, капа или лист). Играчите фрлаат коцка за да одредат кој ќе почне прв. Почнува оној што ќе добие најголем број. Секој играч почнува од полето КУЌА, каде што ја става својата фигура. Потоа ја фрла коцката и се движи онолку полиња колку што покажува бројката.

Откако ќе застане на одредено поле, играчот треба да извлече карта со прашање. Доколку точно одговори, си ја зема картата (и со тоа добива еден поен на крајот од играта). Доколку не знае да одговори на некое прашање, не добива поен и картата се враќа на дното од купчето со карти.

Ако застане на поле на кое има медал, треба да ја изврши мисијата напишана на тоа поле и ќе добие медал за СУПЕРДРУГАР, АВАНТУРИСТ или ЗАШТИТНИК НА ПРИРОДАТА. Овие медали ги добива само оној играч што прв ќе стапне на тоа поле.
Играчот кој прв ќе стигне до полето КУЌА, добива специјален медал кој носи 5 поени. Вториот добива медал кој носи 3 поени, третиот 2 и последниот играч добива медал со 1 поен. Играта завршува откако сите ќе се вратат на полето КУЌА.

Напомена: За играчот да пристигне на целта, мора да фрли точна бројка за да ги помине полињата до целта.
Во тој момент играчите ги собираат освоените поени од картите и медалите. Победник е оној што има најмногу поени, без разлика кој стигнал прв до полето КУЌА.

690.00ден

На залиха

Само уште 2,000.00ден до БЕСПЛАТНА достава! Погледни производи
11 Луѓе го гледаат овој производ сега!