Производи
Прикажи 9 12 18

Пат околу „Светот на Биби“

690.00ден
БРОЈ НА ИГРАЧИ: 2-4 ЕЛЕМЕНТИ: табла, коцка, фигури, медали, карти, листа со точни одговори на прашања КАКО СЕ ИГРА ОВАА ИГРА: Пред да започне играта, медалите за специјалните полиња се редат на таблата според сликичката (срце, капа или лист). Играчите фрлаат коцка за да одредат кој ќе почне прв. Почнува оној што ќе добие најголем број. Секој играч почнува од полето КУЌА, каде што ја става својата фигура. Потоа ја фрла коцката и се движи онолку полиња колку што покажува бројката. Откако ќе застане на одредено поле, играчот треба да извлече карта со прашање. Доколку точно одговори, си ја зема картата (и со тоа добива еден поен на крајот од играта). Доколку не знае да одговори на некое прашање, не добива поен и картата се враќа на дното од купчето со карти. Ако застане на поле на кое има медал, треба да ја изврши мисијата напишана на тоа поле и ќе добие медал за СУПЕРДРУГАР, АВАНТУРИСТ или ЗАШТИТНИК НА ПРИРОДАТА. Овие медали ги добива само оној играч што прв ќе стапне на тоа поле. Играчот кој прв ќе стигне до полето КУЌА, добива специјален медал кој носи 5 поени. Вториот добива медал кој носи 3 поени, третиот 2 и последниот играч добива медал со 1 поен. Играта завршува откако сите ќе се вратат на полето КУЌА. Напомена: За играчот да пристигне на целта, мора да фрли точна бројка за да ги помине полињата до целта. Во тој момент играчите ги собираат освоените поени од картите и медалите. Победник е оној што има најмногу поени, без разлика кој стигнал прв до полето КУЌА.

Детски чадор (Жолт)

590.00ден
Шарен и практичен детски чадор со омилените ликови од „Светот на Биби“, создаден да ги заштити најмалите од дожд и сонце. Лесен е за користење и прилагоден за детски рачиња, а неговата цврста конструкција обезбедува сигурност и удобност при секоја прошетка. Совршен избор за во градинка, училиште и сите детски авантури, без разлика на времето.

Детски чадор (Син)

590.00ден
Шарен и практичен детски чадор со омилените ликови од „Светот на Биби“, создаден да ги заштити најмалите од дожд и сонце. Лесен е за користење и прилагоден за детски рачиња, а неговата цврста конструкција обезбедува сигурност и удобност при секоја прошетка. Совршен избор за во градинка, училиште и сите детски авантури, без разлика на времето.

Буква по буква… збор!

390.00ден
Буква по буква...збор! 💓 Што содржи оваа игра❓ Содржи 60 картички со слики и 60 картички со букви. Како се игра❓ Картичките со букви се распоредуваат така што да можат да ги гледаат двајцата играчи. Првиот играч влече една од картичките со слики и со помош на картичките со букви, за 30 секунди, треба да го состави зборот што се однесува на сликата. Ако успее, ја задржува картичката со слика и продолжува вториот играч. Ако не успее, другиот играч има шанса да го стори тоа. Доколку и двајцата играчи не успеат да го состават зборот, картичката се враќа најдолу во купчето. Победник е тој што ќе собере повеќе картички со слики, односно што ќе има поголем број составени зборови.

„Сказните на Биби“ – Албум + специјални сликички со ликовите од Светот на Биби

299.00ден

Започнете ја најубавата колекционерска авантура со Биби и Боби!

За сите љубители на Светот на Биби, подготвивме посебен комплет кој го содржи албумот „Сказните на Биби“ и сите специјални сликички од омилените ликови и приказни.

 Во албумот ве очекуваат волшебни приказни, интересни ликови и многу моменти за собирање и лепење.

 Комплетот содржи:

  • Албум „Сказните на Биби“
  • Специјални сликички за секоја сказна и лик од Светот на Биби
  • Специјални сликички со картичка за секоја сказна и лик од Светот на Биби

Со овој комплет ги добивате најпосебните сликички од колекцијата, а за целосно пополнување на албумот потребно е дополнително да ги собирате само стандардните сликички за албумот.

Цена на специјалниот комплет: 299 денари

Собирајте, лепете и откривајте ги сите приказни од магичниот свет на Биби и Боби! ❤️

Достапно во нашата веб-продавница и кај продажните места

Колекционерски комплет „Светот на Биби“ + сите сликички

2,749.00ден 1,990.00ден

НОВО! Комплетно пополнување на албумот – без барање сликички!

Детската радост сега е уште поголема!

Од денес, Албумот „Светот на Биби“ е достапен во комплетен пакет – албум + сите 190 самолепливи сликички што му припаѓаат. Останува само најубавиот дел – заедно со вашето дете да ги залепите сликичките и да уживате во секоја страница.

 Албумот има 48 страници исполнети со омилените приказни, ликови и авантури од Светот на Биби. Лепењето на сликичките не е само игра – тоа е заедничко семејно доживување кое ја поттикнува внимателноста, фината моторика и љубовта кон книгите.

Комплетот содржи: Албум „Сказните на Биби“ Сите 190 самолепливи сликички за негово целосно пополнување

Цена на комплетот: 1.990 денари

Без чекање, без размена и без недостигачки сликички – сè што ви е потребно е во еден пакет!

Создадете спомен што ќе остане засекогаш и претворете го пополнувањето на албумот во незаборавна семејна авантура со Биби и Боби.

Нарачајте го вашиот комплет преку порака или на нашата веб-продавница. Напомена: Комплетот содржи албум и сите сликички за негово целосно пополнување. Поради специјалната понуда и цена, не следува дополнителен подарок.

Пакет Претшколски активности со Биби и Боби – 2026

499.00ден

Подгответе ги најмалите за нови знаења и предизвици со забавниот и едукативен пакет „Претшколски активности со Биби и Боби – 2026“!

Пакетот е наменет за развој на детските способности преку цртање, боење, решавање задачи и креативни активности. Со помош на омилените ликови од Светот на Биби, децата учат низ игра и го развиваат своето внимание, логика и моторика.

Состав на пакетот:

  • „Претшколски активности со Биби и Боби“
  • Боенка „Обој ја Македонија“
  • „Бибот роботчиња х 3“
  • „Цртаме чекор по чекор“
  • „Пишуванка“
  • Стикери со ликовите од Биби и Боби

Совршен избор за развој на детската креативност, љубопитност и основните вештини преку забавно учење со Биби и Боби

Пакет ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА 2026

499.00ден

Новата училишна година започнува со многу радост, учење и забава!
Подарете им на најмалите совршена подготовка за првото училишно ѕвонче со пакетот „Добредојде првачиња со Биби и Боби“.

Создаден специјално за идните првачиња, пакетот содржи едукативни материјали кои преку игра и активности ги поттикнуваат првите чекори во пишувањето, читањето, броењето и развивањето на креативноста.

Состав на пакетот:

  • Тетратка А4 формат
  • „Учиме да пишуваме и читаме со Биби и Боби“
  • „Претшколски активности со Биби и Боби“
  • „Активности со броеви“
  • „Активности со букви“
  • „Пишуванка“
  • Распоред на часови
  • Молив

Со омилените ликови Биби и Боби, учењето станува забавно, интересно и мотивирачко. Совршен избор за подготовка пред тргнување во прво одделение!

СКАЗНИТЕ НА БИБИ 2+1

600.00ден 400.00ден

Летна  понуда во „Светот на Биби“!

Уживајте во пакетот „Сказните на Биби 2+1“ – одберете две сликовници, а третата ја добивате на подарок!

👉 Во напомена при нарачката наведете кои сликовници сакате да ги добиете.

Акцијата трае од 15.07.2026 до 14.08.2026 или до трошење на количините! Подарете им на децата повеќе приказни, смеа и магични моменти со Биби

Летен пакет 2026 – Светот на Биби

1,396.00ден 999.00ден

Сè што му е потребно на едно дете за весело и незаборавно лето – во еден пакет!

Летниот пакет од Светот на Биби е исполнет со игри, креативни активности, книги и забавни изненадувања кои ќе ги направат летните денови уште повозбудливи. Без разлика дали сте на плажа, на одмор, во парк или дома, овој пакет нуди часови исполнети со смеа, игра и учење.

Во пакетот ќе најдете внимателно одбрани производи кои ја поттикнуваат детската креативност, движењето и љубопитноста, а секој од нив е инспириран од омилените ликови од Светот на Биби.

Летниот пакет содржи:

  • Стикери
  • Книга за цртање „Цртаме со Чекор и Чекор“
  • Алка со ликовите од Светот на Биби
  • БИБОТ роботчиња х 2
  • Мини карти за играње Каде е Жижи?
  • Сапуница Bubbles
  • Super Surprise Box со ликовите од Светот на Биби
  • Сет рекет  со топче
  • Фризби
  • Кофичка за песок со додатоци
  • Топка Зази

Подарете му на вашето дете лето исполнето со игра, креативност и незаборавни авантури со Биби и другарите!

Столче Биби и Боби

890.00ден

Создадете му на вашето дете свое омилено катче за игра, одмор или авантури на отворено со новото детско преклопно столче од Светот на Биби.

Со весел дизајн украсен со омилените ликови Биби и Боби, ова столче е идеален придружник за пикник, плажа, кампување, двор, тераса или семејни излети. Благодарение на лесната метална конструкција и практичниот преклопен механизам, лесно се носи и складира, па секогаш е подготвено за нови детски авантури.

Удобното седиште и потпирачите за раце обезбедуваат пријатно седење, додека веселите бои ќе внесат насмевка во секој детски ден.

Карактеристики:

  • Преклопен дизајн – лесно се отвора и затвора.
  • Цврста метална конструкција.
  • Лесно и практично за носење.
  • Удобни потпирачи за раце.
  • Идеално за плажа, двор, кампување, пикник и патувања.
  • Ексклузивен дизајн со ликовите од Светот на Биби.

Нека секоја пауза за одмор биде уште повесела со Биби и Боби! ☀️