Производи
Прикажи 9 12 18

Очилата на бувот Илин

200.00ден

Другарчиња, се изгубија очилата на бувот Илин! 
Како сега ќе ги чита приказните за добра ноќ?

Во Волшебната шума расте немир – животните се уморни и ненаспани. Биби и Боби тргнуваат да помогнат, но откриваат дека можеби планот на мрзливецот е токму решението што го бараат.

Дознајте како пријателството, храброста и малку креативност можат да ги спасат очилата и да донесат мир и среќа во шумата!

Боенка – Обој ја Македонија

99.00ден

Боенка со 16 страници преку кои децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Светот на Биби“. Забавна боенка со празнични цртежи.

Боенка Обој ги месеците

99.00ден

„Обој ги месеците“ е едукативна и креативна книга што им помага на децата да ги запознаат месеците во годината преку боење и забавни активности. Секој месец е претставен со карактеристични симболи, празници и временски обележја, кои децата ги откриваат додека бојат и учат.

Преку игра и визуелно истражување, најмалите полесно го разбираат текот на годината, сезоните и редоследот на месеците, развивајќи концентрација, фина моторика и љубов кон учењето

Новогодишни честитки

120.00ден

Овој сет содржи 6 честитки спакувани во папка кои детето може да ги обои и да ги даде на своите најблиски. Формат: 10 х 10 см

Новогодишни честитки

80.00ден

6 различни дизајни со новогодишни теми од „Светот на Биби“.

Новогодишна боенка 2024

99.00ден

Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.

Новогодишна бајка 2024

150.00ден

„Новогодишна бајка 2024“ е празничен сет со декоративни делчиња од „Светот на Биби“ кои се вадат и може да се закачат на елка или да се користат како украс каде и да посакате. Совршени за создавање топла новогодишна атмосфера, овие украси внесуваат боја, радост и магија во секој дом.

Идеални се за украсување на елка, детска соба или празничен агол, а воедно се и прекрасна идеја за подарок во празничниот период.

Новогодишна бајка

150.00ден

„Новогодишна бајка 2024“ е празничен сет со декоративни делчиња од „Светот на Биби“ кои се вадат и може да се закачат на елка или да се користат како украс каде и да посакате. Совршени за создавање топла новогодишна атмосфера, овие украси внесуваат боја, радост и магија во секој дом.

Идеални се за украсување на елка, детска соба или празничен агол, а воедно се и прекрасна идеја за подарок во празничниот период.

Не лути се, другарче!

390.00ден

абавна и динамична игра за дружба и учење!

Играчите се движат по таблата, решаваат предизвици и се обидуваат да стигнат први до целта, со весели пресврти и соработка.

Оваа игра ја развива комуникацијата, логичкото размислување и тимскиот дух, идеална за семејни игри и дружења со другарчиња.

Наполни ја кошничката

590.00ден

Весела игра за брза реакција и внимание!

Играта содржи картички со различни предмети, а играчите се натпреваруваат кој најбрзо ќе ја „наполнa“ својата кошничка со точни предмети.

Поттикнува внимание, брза перцепција и координација рака-око, идеална за семејни игри и дружења со другарчиња.

Најнеобичен ден – на Биби роденден

200.00ден

Тој ден беше сè, само не обичен… Се прашувате зошто? Или можеби веќе насетувате? Хе-хе, точно така – на Биби ѝ е роденден! А кога Биби слави роденден, тогаш сè станува поразлично, повесело и помагично. Изненадувања демнат зад секој агол, другарчињата се подготвени за славење, а насмевките не се симнуваат од лицата. Подгответе се за најнеобичната роденденска авантура во сликовницата „Најнеобичен ден, на Биби роденден“ од серијалот на  Светот на Биби!

Моите први 100 зборчиња (картонска сликовница)

360.00ден

„Моите први 100 зборчиња“ е весела и шарена картонска сликовница од Светот на Биби наменета за најмалите дечиња. Преку едноставни, привлечно илустрирани поими од секојдневието, децата ги запознаваат и учат своите први 100 зборови на лесен и природен начин.
Книгата има 24 страници и е димензионирана така што е лесна за држење со мали рачиња, што ја прави идеална за најрана фаза на детско истражување, развој на јазик и проширување на вокабуларот.

Книгата е дизајнирана така што е лесна за држење со мали рачиња и содржи шарени илустрации што го привлекуваат детското внимание, истовремено поттикнувајќи љубопитност и љубов кон читањето уште од најрана возраст.

Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.

✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите