Прикажувам 109–120 од 291 резултатиSorted by latest
Празнична боенка
99.00ден„Празнична боенка“ е шарена и радосна книга исполнета со празнични мотиви и весели илустрации подготвени за боење. Преку различни сцени инспирирани од празничната атмосфера, децата ја развиваат својата креативност, фантазија и фина моторика.
Боењето станува забавен начин за изразување, релаксација и создавање сопствена празнична магија, исполнета со боја, радост и насмевки.
Постер: Карта на Македонија (Омилените места на Биби)
250.00денБ2 формат (50см висина, 70см должина)
Последната светулка
200.00денБиби и Боби се запознаа со ново другарче – Луми, кој мисли дека е последната светулка на светот! Ќе можат ли Биби, Боби и нивниот пријател облакот Бени да направат нешто за Луми да затрепка во сиот свој сјај?
Поезија и карате
200.00денШто се случува кога ќе се спојат две древни јапонски вештини – карате и хаику поезијата? Во оваа инспиративна сликовница, децата откриваат дека вистинската сила не се крие само во ударот, туку и во зборот. Преку дисциплината на карате и тивката мудрост на хаику стиховите, секој мал каратист учи дека рамнотежата меѓу телото и духот е најголемата победа. Дали храброста може да биде нежна, а поезијата силна?
Подлога за играње (200×150 см)
1,790.00денНаправете го времето за игра магично со нашата детска подлога за играње со омилените ликови од Светот на Биби со совршена големина за играње, читање или одмор.
Дизајн: Живописни и весели илустрации со Биби, Боби и нивните пријатели, кои ќе ја разбудат фантазијата на вашето дете.
Материјал: Изработена од мек и безбеден материјал, погоден за чувствителната кожа на децата. Лесно се чисти и одржува.
Функционалност: Соодветна за сите подови – обезбедува удобност и заштита при игра, со анти-лизгачка површина за поголема безбедност.
Употреба: Идеална за дома, градинки, и места за играње, нудејќи интерактивен простор за учење и забава.
Дозволете им на вашите најмили да се влезат во магичниот свет на Биби и Боби додека играат и учат!
Подароци од планетата Заз
200.00денДедо Мраз од планетата Заз тргнува кон Земјата, не знаејќи дека го демнат лошите пирати, што носи возбудливи случки и предизвици за Биби, Боби и другарите додека се обидуваат да ја спасат новогодишната мисија
Погоди што (мини игри)
120.00денЗабавни мини-игри со картички од „Светот на Биби“ кои ги развиваат вниманието, препознавањето и брзата логика!
Играчите мора да погодуваат што претставува картичката преку слушање, набљудување или брза реакција, а победува оној што најдобро ги открива тајните ликови и предмети.
Идеална е за семејни игри и дружби со другарчиња! (
Пишуванка „Светот на Биби“
Оваа специјално подготвена пишуванка е наменета да им помогне на децата да вежбаат и усовршуваат пишување на зборовите што веќе ги знаат од приказните и содржините на „Светот на Биби“. Преку примери и активности, децата прво ќе пишуваат заедно со водичот, а подоцна ќе се осамостојат и ќе ја градат својата доверба во пишувањето сами.
Што добива детето:
– Лесно и забавно учење пишување со зборови од „Светот на Биби“
– Вежби што развиваат графомоторички вештини
– Самостојност во пишувањето и самодоверба





























