Производи
Прикажи 9 12 18

Новогодишна боенка 2024

99.00ден
Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.

Новогодишни честитки

80.00ден
6 различни дизајни со новогодишни теми од „Светот на Биби“.

Новогодишни честитки

120.00ден
Овој сет содржи 6 честитки спакувани во папка кои детето може да ги обои и да ги даде на своите најблиски. Формат: 10 х 10 см

Овошје и зеленчук (Активности со 90+ стикери)

200.00ден

„Овошје и зеленчук – Активности со 90+ стикери“ е едукативна и забавна книга што ги запознава децата со светот на здравата храна преку игра и креативни задачи. Преку лепење на повеќе од 90 шарени стикери, боење, поврзување и препознавање, децата учат да разликуваат овошје од зеленчук, ги откриваат нивните бои, форми и придобивки и развиваат здрави навики од најмала возраст.

Книгата поттикнува љубопитност, фина моторика и основни когнитивни вештини, претворајќи го учењето во вкусна и весела авантура.

Очилата на бувот Илин

200.00ден

Другарчиња, се изгубија очилата на бувот Илин! 
Како сега ќе ги чита приказните за добра ноќ?

Во Волшебната шума расте немир – животните се уморни и ненаспани. Биби и Боби тргнуваат да помогнат, но откриваат дека можеби планот на мрзливецот е токму решението што го бараат.

Дознајте како пријателството, храброста и малку креативност можат да ги спасат очилата и да донесат мир и среќа во шумата!

Пакет ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА 2026

499.00ден

Новата училишна година започнува со многу радост, учење и забава!
Подарете им на најмалите совршена подготовка за првото училишно ѕвонче со пакетот „Добредојде првачиња со Биби и Боби“.

Создаден специјално за идните првачиња, пакетот содржи едукативни материјали кои преку игра и активности ги поттикнуваат првите чекори во пишувањето, читањето, броењето и развивањето на креативноста.

Состав на пакетот:

  • Тетратка А4 формат
  • „Учиме да пишуваме и читаме со Биби и Боби“
  • „Претшколски активности со Биби и Боби“
  • „Активности со броеви“
  • „Активности со букви“
  • „Пишуванка“
  • Распоред на часови
  • Молив

Со омилените ликови Биби и Боби, учењето станува забавно, интересно и мотивирачко. Совршен избор за подготовка пред тргнување во прво одделение!

пакет ЛЕТО 2026

2,190.00ден

НОВ ЛЕТЕН ПАКЕТ ОД СВЕТОТ НА БИБИ

Создаден за денови исполнети со игра, сонце и летни авантури.

Пакетот содржи: – Пелерина
– Пешкир
– Фризби
– Кофичка, сет за плажа
– Тенис сет
– 2 bubbles сапуници

Достапно во ограничени количини.

 

Пакет Претшколски активности со Биби и Боби – 2026

499.00ден

Подгответе ги најмалите за нови знаења и предизвици со забавниот и едукативен пакет „Претшколски активности со Биби и Боби – 2026“!

Пакетот е наменет за развој на детските способности преку цртање, боење, решавање задачи и креативни активности. Со помош на омилените ликови од Светот на Биби, децата учат низ игра и го развиваат своето внимание, логика и моторика.

Состав на пакетот:

  • „Претшколски активности со Биби и Боби“
  • Боенка „Обој ја Македонија“
  • „Бибот роботчиња х 3“
  • „Цртаме чекор по чекор“
  • „Пишуванка“
  • Стикери со ликовите од Биби и Боби

Совршен избор за развој на детската креативност, љубопитност и основните вештини преку забавно учење со Биби и Боби

Пакет-Добре дојдовте првачиња!

390.00ден
Состав на пакетот: ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА, АКТИВНОСТИ СО БУКВИ, АКТИВНОСТИ СО БРОЕВИ 2, УЧИМЕ ДА ПИШУВАМЕ И ЧИТАМЕ, РАСПОРЕД за ЧАСОВИ, МОЛИВ, СПИСАНИЕ ЗА ДЕЦА БИБИ И БОБИ, БИБОТ ЌЕСИЧКА, СПЕЦ. СЛИКИЧКИ СО КАРТИЧКА *2, СПЕЦ СЛИКИЧКИ *3, ТЕТРАТКА А5 формат

Паста за заби

99.00ден
Детската паста за заби со своите активни компоненти овозможува потполна хигиена и заштита на забите и усната празнина. Темелно и нежно ги отстранува наслагите од храна од детските запчиња. Благите абразиви се приспособени кон детската глеѓ. Ги штити забите од кариес. Има вкус на шумски јаготки

Пејачката Жижи (играчка)

990.00ден
Запознајте ја „Пејачката Жижи“ – меката играчка која ќе го освои срцето на секое дете со своите магични способности! Совршена големина за гушкање, игра и забава. Пее: Жижи ја пее нејзината песна „Жижи нема грижи“. Игра: Со забавни движења, таа танцува и го разигрува секој момент. Повторува: Жижи ќе ги повтори сите зборови што ќе ѝ ги кажете со симпатичен глас, охрабрувајќи ги децата да комуницираат и да се смеат. Материјал: Изработена од висококвалитетен, мек и безбеден текстил, погоден за деца од сите возрасти. Интерактивност: Поттикнува креативна игра и развој на комуникациските вештини. Дизајн: Со живописни бои и симпатични карактеристики, Жижи брзо ќе стане најдобар пријател на вашето дете. Дозволете му на вашето дете да запее, да заигра и да создаде незаборавни моменти со „Пејачката Жижи“!

Пелерина „Светот на Биби“

890.00ден

Додајте магија на секој одмор со пелерина „Светот на Биби“!

Оваа шарена и удобна пелерина е дизајнирана за најмалите кои сакаат да се претворат во херои од својот омилен свет дури и на патување.

  • Димензии: 124 см x 63 см

  • Лесна и прилагодлива за носење

  • Идеална за одмор, патување, игра на улоги и креативни активности

Пелерината е совршена за забава на плажа, базен, кампување или секојдневни авантури надвор од дома, како практичен и весел додаток за секое патување.