Филтер по цена
Прикажувам 265–275 од 275 резултати
Црвениот Пират – Кадифена кукла
590.00денЗапознај го ликот на Црвениот Пират – мека и кадифена играчка од „Светот на Биби“, инспирирана од магичните приказни што носат авантури, смеа и бескрајна игра. Совршена за гушкање и подарок што ќе ги освои срцата на најмалите.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти радост.
Цртаме чекот по чекор со Биби и Боби (Нацртај ги ликовите)
99.00ден„Цртаме чекор по чекор со Биби и Боби – Нацртај ги ликовите“ е креативна и едукативна книга што им помага на децата лесно и самоуверено да научат да цртаат. Преку јасно прикажани чекори и едноставни форми, малите уметници постепено ги создаваат омилените ликови Биби, Боби и нивните пријатели.
Книгата ја развива фината моторика, концентрацијата и чувството за форма и пропорција, поттикнувајќи ја детската креативност и самостојност. Со секоја нова страница, децата откриваат дека цртањето е забавно, лесно и достапно за секого.
Честитка: Украси ја елката
100.00денНовогодишна честитка + стикери. Украси ја елката и испрати ја на твоите пријатели. Испорака од 14 декември
Чет, чет, чет… Четкај ги запчињата
200.00денКолку посебен ден! Тато Тино им подготвува незаборавно изненадување на Биби и Боби – кампување во дневната соба, во две малечки шаторчиња, додека мама Ана е на пат.
А кога се кампува, се знае – се јадат сендвичиња, колачиња и се пие топло чоколадо! Но по слатката забава доаѓа и важната мисија: чет, чет, чет – време е за четкање на запчињата!
Дали Биби и Боби ќе научат дека грижата за забите е дел од секоја авантура? Забавна и поучна приказна што ги учи децата дека здравата насмевка е најубавото кампинг-искуство.
Читанката на Биби
200.00ден„Читанката на Биби” е наменета за различни возрасти. За најмалечките – на кои би им читале родителите, бабите или дедовците, како и за оние од училишна возраст кои ќе ги научат буквите и ќе ги совладаат текстовите од „Букварот на Биби”. Тие ќе бидат подготвени да продолжат со текстовите и задачите што ќе ги најдат низ страниците на оваа читанка.
Џиновска инвазија
200.00денАлфеј вознемирено лета кон Биби и Боби – нешто многу важно се случува во Скриената долина!
Прекрасната, мирна долина на еднорозите е нападната од џиновите од Џин-земја. Кој може да ја запре оваа страшна џиновска инвазија и да ја врати мирната магија во долината?
Придружете се на Биби, Боби и нивните пријатели во возбудлива авантура полна со храброст, фантазија и многу непредвидливи моменти!
Џиновска сложувалка
490.00денСложувалката Дружината на Биби е забавна и едукативна игра за деца која ги развива логиката, концентрацијата, меморијата и фината моторика.
Со шарени и атрактивни мотиви од светот на Биби, оваа сложувалка ќе им помогне на малите истражувачи да ги составуваат парчињата и да создаваат весели сцени.
Идеална е за секојдневна игра, учење и креативни активности за помали деца!
Составувањето на ликовите од „Светот на Биби“ е одлична вежба за развивање фантазија, логика и моторика.
Кружна сложувалка 48х48 см со 20 парчиња.
Шампон и пенливо 2во1 300мл – Биби
179.00денИдеалана комбинација на два производи за нега и хигиена на детската кожа и коса во еден чекор.
Шише – Биби и пријателите
1,660.00денШише „Биби и пријателите“ – модерно и издржливо шише за вода изработено од: висококвалитетен 304 нерѓосувачки челик со трислојна изолација, што одржува пијалоци ладни до 36 часа и топли до 18 часа. Целосно без BPA, фталати и токсини, со отпорно затворање што спречува протекување – идеално за секојдневни активности, патувања и авантури.
* Цената вклучува КОМПЛЕТ од шише 260мл, капаче со сламка, четкичка за чистење на сламката и обично навртувачко капаче. Двете капачиња се херметички и не протекуваат.
Карактеристики:
- Triple Cool™ технологија: 36-часа ладно и 18 часа топло;
- Херметичко капаче отпорно на истекување;
- 18/8 не’рѓосувачки челик за храна;
- Целосно без БПА, фталати и токсини;
- Погодно и за газирани пијалоци;
- Не задржува или емитува никаков вкус или мирис;
- Без кондензација: нема да ви се потат на рацете;
- Дозволено е на Аеродромските контроли;
- Рачно перење на сите делови од производот.
Шумска револуција
200.00денЦелата шума е на нозе! Жителите се обединуваат за да го одбранат најстариот чинар – дрвото што ги собира сите под својата сенка и од кое се прави највкусното кремче. Но мирот е нарушен кога лош ловец пристигнува со својот бучен багер, решен да го сруши древното дрво.
Дали храброста, заедништвото и љубовта кон природата ќе бидат доволни за да ја спасат шумата? Во оваа возбудлива приказна, малите читатели учат дека кога сме обединети, можеме да заштитиме сè што ни е важно.
Шумски пожар
200.00денШто се случува во волшебната шума? Од каде се појави густиот чад што се издига над високите дрвја? Дали некој навистина подметнал пожар?
Оооо… Пук-пук! Шшшш! Пламените јазици се шират, а животните исплашено бараат засолниште. Биби и Боби веднаш ја повикуваат малата вештерка Филимена, и заедно организираат храбра акција за гаснење на пожарот.
Со магија, досетливост и тимска работа тие се обидуваат не само да ја спасат шумата, туку и да откријат кој стои зад оваа опасна тајна. Дали ќе го пронајдат виновникот пред да биде предоцна?

























