Производи
Прикажи 9 12 18

Џиновска сложувалка

490.00ден
Сложувалката Дружината на Биби  е забавна и едукативна игра за деца која ги развива логиката, концентрацијата, меморијата и фината моторика. Со шарени и атрактивни мотиви од светот на Биби, оваа сложувалка ќе им помогне на малите истражувачи да ги составуваат парчињата и да создаваат весели сцени. Идеална е за секојдневна игра, учење и креативни активности за помали деца! Составувањето на ликовите од „Светот на Биби“ е одлична вежба за развивање фантазија, логика и моторика. Кружна сложувалка 48х48 см со 20 парчиња.

Шампон и пенливо 2во1 300мл – Биби

179.00ден
Идеалана комбинација на два производи за нега и хигиена на детската кожа и коса во еден чекор.

Шише – Биби и пријателите

1,660.00ден
Шише „Биби и пријателите“ – модерно и издржливо шише за вода изработено од: висококвалитетен 304 нерѓосувачки челик со трислојна изолација, што одржува пијалоци ладни до 36 часа и топли до 18 часа. Целосно без BPA, фталати и токсини, со отпорно затворање што спречува протекување – идеално за секојдневни активности, патувања и авантури. * Цената вклучува КОМПЛЕТ од шише 260мл, капаче со сламка, четкичка за чистење на сламката и обично навртувачко капаче. Двете капачиња се херметички и не протекуваат. Карактеристики:
  • Triple Cool™ технологија: 36-часа ладно и 18 часа топло;
  • Херметичко капаче отпорно на истекување;
  • 18/8 не'рѓосувачки челик за храна;
  • Целосно без БПА, фталати и токсини;
  • Погодно и за газирани пијалоци;
  • Не задржува или емитува никаков вкус или мирис;
  • Без кондензација: нема да ви се потат на рацете;
  • Дозволено е на Аеродромските контроли;
  • Рачно перење на сите делови од производот.

Шумска револуција

200.00ден

Целата шума е на нозе! Жителите се обединуваат за да го одбранат најстариот чинар – дрвото што ги собира сите под својата сенка и од кое се прави највкусното кремче. Но мирот е нарушен кога лош ловец пристигнува со својот бучен багер, решен да го сруши древното дрво.

Дали храброста, заедништвото и љубовта кон природата ќе бидат доволни за да ја спасат шумата? Во оваа возбудлива приказна, малите читатели учат дека кога сме обединети, можеме да заштитиме сè што ни е важно.

Шумски пожар

200.00ден

Што се случува во волшебната шума? Од каде се појави густиот чад што се издига над високите дрвја? Дали некој навистина подметнал пожар?

Оооо... Пук-пук! Шшшш! Пламените јазици се шират, а животните исплашено бараат засолниште. Биби и Боби веднаш ја повикуваат малата вештерка Филимена, и заедно организираат храбра акција за гаснење на пожарот.

Со магија, досетливост и тимска работа тие се обидуваат не само да ја спасат шумата, туку и да откријат кој стои зад оваа опасна тајна. Дали ќе го пронајдат виновникот пред да биде предоцна?