Филтер по цена
Прикажувам 73–84 од 276 резултатиSorted by latest
Сликички „Сказните на Биби“
29.00денЗапочнете го вашето патување со Биби и Боби!
Овој албум не е само за собирање сликички, туку за вистинска авантура низ светот на фантазијата. Децата ќе ги истражуваат сите авантури на омилените ликови и ќе собираат специјални сликички кои ги водат низ приказните и магичниот свет на Биби.
Сликичките се шарени и интерактивни, идеални за собирање, размена со пријатели и поттикнување на фантазија, меморија и креативна игра.
Албумот е дизајниран за да ги зачува сите сликички на едно место, со шарени страници и илустрации од омилените ликови – совршен за деца кои сакаат да уживаат во интерактивно учење и забавни активности.
– Специјален подарок: Сите кои ќе го пополнат албумот добиваат персонализирана сликовница, која го прави ова искуство незаборавно!
Овој сет е идеален за фановите на Светот на Биби, за семејни активности и дружби со другарчиња, комбинирајќи забава и учење на едно место.
Сликички „Светот на Биби“
29.00денОвие сликички за албум од „Светот на Биби“ носат шарени карактери, предмети и сцени полни со магија и авантура. Идеални се за собирање, размена со пријатели и дополнување на албумот, а истовремено поттикнуваат фантазија, меморија и креативна игра кај децата.
Скриената долина
200.00денБиби и Боби тргнуваат во нова авантура, овојпат во мистериозното место наречено Скриената Долина.
Тие ќе запознаат чудни и забавни жители на долината и ќе откријат кое е нивното ново другарче Алфеј. Заедно ќе доживеат смешни и магични моменти во оваа волшебна сказна.
Сказните на Биби 1
990.00денОва прекрасно издание ги собира пет различни и магични сказни со омилените ликови од светот на Биби — приказни што ќе ја разбудат детската имагинација, ќе поттикнат љубопитност и ќе создадат нови омилени моменти на читање.
Што ги прави посебни:
– Премиум издание – убаво дизајнирана и со висок квалитет на печатење
-Пет уникатни приказни полни со магија, пријателство и забавни ликови
– Идеална за заедничко читање со децата
– Помага да се развијат љубов кон книгите и создавање на навика за читање
Оваа книга е совршен подарок за секое дете што сака да истражува светови на фантазија, да се смеe и да учи преку забавни и инспиративни приказни.
Силната Зали – Кадифена кукла
490.00денЗапознај го ликот на силната ЗАЛИ – мека и кадифена играчка од „Светот на Биби“, инспирирана од магичните приказни што носат авантури, смеа и бескрајна игра. Совршена за гушкање и подарок што ќе ги освои срцата на најмалите.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти радост.
Сет за тенис – Рекет (Биби и Боби)
300.00денРекет „Биби и Боби“ е лесен и забавен рекет за игра надвор или дома, со шарени мотиви на омилените ликови од Светот на Биби. Идеален за развој на координација, брзина и моторика, оваа игра носи активности и радост за најмалите додека тренираат флексибилност и се забавуваат со пријателите.
- Совршен за надворешни игри – на двор, парк или плажа
- Ги развива вештините на движечка игра и рефлекси
- Весели дизајни со омилените ликови Биби и Боби
Сет за јадење
340.00денПрактичен и шарен сет за јадење со мотиви од омилените ликови од Светот на Биби – совршен за секојдневни оброци, ужина или патување. Овој сет ги комбинира забава и функционалност, ги прави оброците порадувачки за најмалите и го поттикнува редовното користење на приборот за јадење.
- Идеален за деца – со привлечни дизајни и лесни за употреба елементи.
- Забава и практичност – ги прави оброците поинтересни и весели.
СЕТ 5 ФОЛИЈА БАЛОНИ
800.00денПрославете со радост и боја!
Овој сет од 5 фолија балони со мотиви на омилените ликови од „Светот на Биби“ е совршен за родендени, забави или декор за секоја прослава.
Балоните пристигнуваат ненадувани и можете да ги наполните со воздух за шарена и весела атмосфера што ќе го освежи секој простор.
Сетот од балони е составен од ликовите на Биби, Боби, Зази, Зина и Жижи.
Светот на Биби од А до Ш
490.00ден„Светот на Биби од А до Ш“ е првото печатено издание од „Светот на Биби“. Оваа исклучителна сликовница е полна со едукативни содржини, а ги користи интересите на Биби за да се доближи до сите дечиња на оваа возраст. Таа сака да раскаже некои работи за светот околу себе, за својата куќа, за својот град, за нејзиното најдобро другарче и за омилените нешта. А додека таа раскажува за себе, патем дечињата ја учат азбуката, читаат повеќе зборови, пишуваат букви, се дружат и се смеат. Јеееј!
Фустанчето на Биби
Ова жолто фустанче инспирирано од Биби совршено ја комбинира удобноста и стилот за секојдневни активности или посебни пригоди.
Изработено со внимание на деталите и посветено на најмалите обожаватели на „Светот на Биби“, фустанчето е лесно за носење, меко на допир и со креативен дизајн што ја буди детската имагинација.
Супер избор за подарок, фотосесии или за игра што носи радост и самоувереност — ова фустанче ќе стане омилен моден дел во гардеробата на вашето дете!
Достапни големини и димензии:
-
2 години: должина 22 см; ширина 46 см
-
3 години: должина 24 см; ширина 48 см
-
4 години: должина 26 см; ширина 50 см
-
5 години: должина 28 см; ширина 52 см
-
6 години: должина 30 см; ширина 54 см
-
7 години: должина 32 см; ширина 56 см
-
8 години: должина 34 см; ширина 58 см
-
9 години: должина 36 см; ширина 60 см
Самовилска ливада
200.00денЛуна ги кани Биби и Боби на необичен излет – во самовилската ливада, место за кое се раскажуваат само шепоти и легенди. Оооо… Шшшш… Лесен ветер ги ниша светкавите тревки, а во воздухот треперат ситни светулки како ѕвезди.
Но ливадата не е само убава – таа крие тајни, магични суштества и едно мало изненадување што ќе ги научи Биби и Боби колку се важни пријателството, храброста и вербата во чудата. Со кого ќе се сретнат и каква магија ќе откријат во срцето на самовилската ливада?
Рудникот на Џемаил
200.00денБиби и Боби наоѓаат пештера на Волшебната планина – но оваа пештера крие изненадување!
Всушност, тоа не е пештера, туку рудник каде живее осамено џуџето Џемаил, кој ископува скапоцени камења. Што ќе се случи кога Биби и Боби ќе го запознаат и како ќе се развие нивната нова авантура?
Прочитајте ја оваа сказна за пријателство, храброст и магични моменти во рудникот на Џемаил!

























