Производи
Прикажи 9 12 18

БИБОТ друштвена игра

199.00ден

Откријте ја забавата со Бибот сетот – интерактивна игра која комбинира три Бибот роботчиња и кутии која служи како игра за собирање и играње!

Секое роботче доаѓа со пет сликички‑стикери што ги претставуваат буква, цртежи, лик и сликичка за сложувалка, што ја прави играта идеална за развој на концентрација, визуелно паметење и учење преку игра на азбука.

Децата може да ги собираат и комбинираат Бибот роботчињата, да учат македонски букви и да ги користат сликичките за забавни активности и задачи, додека кутијата‑игра им нуди дополнителни начини за игра и креативност.

Пакет-Добре дојдовте првачиња!

390.00ден
Состав на пакетот: ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА, АКТИВНОСТИ СО БУКВИ, АКТИВНОСТИ СО БРОЕВИ 2, УЧИМЕ ДА ПИШУВАМЕ И ЧИТАМЕ, РАСПОРЕД за ЧАСОВИ, МОЛИВ, СПИСАНИЕ ЗА ДЕЦА БИБИ И БОБИ, БИБОТ ЌЕСИЧКА, СПЕЦ. СЛИКИЧКИ СО КАРТИЧКА *2, СПЕЦ СЛИКИЧКИ *3, ТЕТРАТКА А5 формат

ЦРТАМЕ ЧЕКОР ПО ЧЕКОР СО БИБИ И БОБИ (Нацртај ги ликовите)

99.00ден

„Цртаме чекор по чекор со Биби и Боби – Нацртај ги ликовите“ е креативна и едукативна книга што им помага на децата лесно и самоуверено да научат да цртаат. Преку јасно прикажани чекори и едноставни форми, малите уметници постепено ги создаваат омилените ликови Биби, Боби и нивните пријатели.

Книгата ја развива фината моторика, концентрацијата и чувството за форма и пропорција, поттикнувајќи ја детската креативност и самостојност. Со секоја нова страница, децата откриваат дека цртањето е забавно, лесно и достапно за секого.

СУПЕР ДРУГАРЧИЊА (премиум издание)

390.00ден

Оваа шарена и инспиративна книга ги запознава децата со супер другарчињата и ја покажува важноста на прифаќање на различностите и инклузија во општеството. Преку забавни приказни и ликови што ги сакаат децата, книгата учи на пријателство, емпатија и разбирање на светот околу нив.

✔ Поттикнува љубопитност, емпатија и социјални вредности
✔ Совршена за деца до 7 години
✔ Одличен подарок што ги учи децата да бидат добри другари и да прифаќаат различности

✨ Радост, учење и важни животни лекции – сето тоа во една шарена книга што ќе го сакаат децата и родителите.

БОБИ И ДАРО -Сложувалка со коцки

490.00ден

Сожувалката со 6 коцки и 6 слики „Боби и Даро“ нуди забавна и интерактивна игра за деца кои сакаат да истражуваат, комбинираат и создаваат. Со шарени мотиви на омилените ликови од Светот на Биби, секоја страна од коцките прикажува дел од различна слика, што ја прави играта предизвикувачка и креативна.

Оваа игра ја развива логиката, визуелното паметење, координацијата рака-око и фините моторички вештини, додека децата редат коцки за да создадат весели сцени и приказни. Идеална е за секојдневна игра, учење и развој на креативноста!

Сложувалките со коцки за деца се едукативни играчки кои помагаат во развојот на различни вештини преку игра. Тие се наменети за деца од околу 1 до 6 години, во зависност од големината и сложеноста на коцките.

Придобивки:

  • Го поттикнуваат развојот на фината моторика и координацијата рака-око.
  • Ја подобруваат концентрацијата и логичкото размислување.
  • Помагаат во учењето на форми, бои и големини.
  • Го развиваат креативното и просторното размислување.

Со нив децата учат преку експериментирање, градење и рушење, што е природен и забавен начин за стекнување нови знаења.

  • Препорачана возраст: 18 месеци+
  • Состав: Хартија и пластика.

Тетоважи сет (Светот на Биби)

149.00ден

Направете ја играта уште повесела со сетот тетоважи „Светот на Биби“!

Овој шарен сет содржи весели и безбедни тетоважи со омилените ликови од магичниот свет на Биби, идеални за деца кои сакаат да се забавуваат, да се изразат преку креативна игра и да го покажат својот стил.

Супериорни по квалитет, лесни за нанесување и безбедни за кожата, тетоважите се совршени за родендени, игри со пријатели, тематски прослави или секојдневна забава со Биби и нејзините пријатели.

Шише – Биби и пријателите

1,660.00ден
Шише „Биби и пријателите“ – модерно и издржливо шише за вода изработено од: висококвалитетен 304 нерѓосувачки челик со трислојна изолација, што одржува пијалоци ладни до 36 часа и топли до 18 часа. Целосно без BPA, фталати и токсини, со отпорно затворање што спречува протекување – идеално за секојдневни активности, патувања и авантури. * Цената вклучува КОМПЛЕТ од шише 260мл, капаче со сламка, четкичка за чистење на сламката и обично навртувачко капаче. Двете капачиња се херметички и не протекуваат. Карактеристики:
  • Triple Cool™ технологија: 36-часа ладно и 18 часа топло;
  • Херметичко капаче отпорно на истекување;
  • 18/8 не'рѓосувачки челик за храна;
  • Целосно без БПА, фталати и токсини;
  • Погодно и за газирани пијалоци;
  • Не задржува или емитува никаков вкус или мирис;
  • Без кондензација: нема да ви се потат на рацете;
  • Дозволено е на Аеродромските контроли;
  • Рачно перење на сите делови од производот.

СЛОЖУВАЛКИТЕ НА БОБИ (6 сложувалки)

490.00ден

Откријте ја забавата и учењето со сетот од 6 сложувалки „Светот на Биби“! Секоја сложувалка прикажува поинаква сцена со омилените ликови како Боби, Жижи, Зина, Даро, Бу и мајката Змеј. , што го прави овој сет разновиден и интересен за најмалите.

Овој сет помага на децата да ја развиваат:

  • логиката и концентрацијата

  • решавање проблеми на креативен начин

  • памет и внимание

  • фина моторика и координација

  • упорност и трпение при составување на секоја сложувалка

Сложувалките се совршени за свакојдневна игра, учење и развој на вештини, додека децата уживаат во создавање весели сцени и приказни од магичниот свет на Биби

СЛОЖУВАЛКИТЕ НА БИБИ (6 сложувалки)

490.00ден

Откријте ја забавата и учењето со сетот од 6 сложувалки „Светот на Биби“!

Секоја сложувалка прикажува поинаква сцена со омилените ликови како Биби, Филимена, Деси, Алфеј, Зази и мачето, што го прави овој сет разновиден и интересен за најмалите.

Овој сет помага на децата да ја развиваат:

  • логиката и концентрацијата

  • решавање проблеми на креативен начин

  • памет и внимание

  • фина моторика и координација

  • упорност и трпение при составување на секоја сложувалка

Сложувалките се совршени за свакојдневна игра, учење и развој на вештини, додека децата уживаат во создавање весели сцени и приказни од магичниот свет на Биби

ФАРМА – 4 во 1 забавни игри

890.00ден

Откријте го светот на фармата со Фарма – друштвена игра со Биби и Боби! Овој едукативен сет комбинира четири игри во едно: Меморија, Домино, Карти и Сложувалка, идеален за деца од 3 години нагоре.

  • Меморија – развива концентрација и визуелно паметење

  • Домино – учи препознавање слики и логичко поврзување

  • Карти – поттикнува внимание, брзо размислување и социјална интеракција

  • Сложувалка (пазл) – ја развива фината моторика и координацијата рака‑око

Развојни придобивки: Поттикнува концентрација, логика, меморија, тимски дух, комуникација, стрпение и прецизност.

Играта е совршена комбинација на забава и учење – децата низ игра го откриваат светот на фармата, животните и природата, додека ги развиваат моторичките и когнитивните способности.

сл. ЗАБАВАТА НА ЗЛАТКО ХАЏИ ЗАЈКОВ

200.00ден
Запознајте го Златко Хаџи Зајков – весело зајаче со големо срце и уште поголема желба да приреди незаборавна забава во шумата! Во оваа шарена приказна од Светот на Биби, децата ќе ја следат неговата подготовка, дружењето со пријателите и радоста што се создава кога сите се заедно. Сликовницата носи порака за пријателството, споделувањето и убавината на заедничките моменти.

сл. БИБИ И БОБИ ВО ЕЗЕРСКИТЕ ДЛАБОЧИНИ

200.00денПарче
Биби и Боби го поминуваат летниот распуст покрај брегот на Охридското Езеро. На прв поглед се е прекрасно, но Биби се вџашува кога ќе види дека езерото е полно со пластика и отпадоци. Таа предлага да почнат да ја собираат пластиката што ќе ја најдат, иако - да се исчисти целото езеро звучи како невозможна мисија! Ооо, нешто СТРАШНО се бранува и клокоти на дното на езерото!