Шумска револуција
Целата шума е на нозе! Жителите се обединуваат за да го одбранат најстариот чинар – дрвото што ги собира сите под својата сенка и од кое се прави највкусното кремче. Но мирот е нарушен кога лош ловец пристигнува со својот бучен багер, решен да го сруши древното дрво.
Дали храброста, заедништвото и љубовта кон природата ќе бидат доволни за да ја спасат шумата? Во оваа возбудлива приказна, малите читатели учат дека кога сме обединети, можеме да заштитиме сè што ни е важно.
200.00ден
На залиха
Генерални информации
| Издавач |
Светот на Биби |
|---|---|
| Автор |
Бојан Трифуновски |
| Арт-дирекција |
Михајло Димитриевски – Тхе Мичо |
| Јазик |
Македонски |
| Повез |
Мек повез |
| Формат |
21×21 cm |
| Број на страници |
28 |
Можеби сте заинтересирани за…
Фи ја губи моќта
Малата вештерка Фи одеднаш останува без својата магија и светот околу неа почнува да изгледа поинаков и постуден. Дали тоа значи дека сѐ е изгубено?
Биби и Боби не се откажуваат од својата пријателка и тргнуваат во нова авантура исполнета со предизвици, надеж и храброст. Низ искушенијата што ги минуваат заедно, тие откриваат дека вистинската сила не доаѓа само од магијата, туку од пријателството и вербата еден во друг.
Ќе успее ли Фи да си ги врати своите способности и повторно да заблеска?
Биби, Боби и змејот
Си беше еднаш еден змеј… но каков змеј? Страшен и лош или сладок и добар?
Биби и Боби, иако најдобри другари, не можат да се согласат околу многу работи – особено околу тоа какви се змејовите во сказните. Дури започнуваат и да се караат!
Сè додека заедно не решаваат да раскажат една волшебна, прекрасна и возбудлива сказна, полна со пријателство, храброст и магија.
Абра кабра – Каде е црното маче?
Најнеобичен ден – на Биби роденден
Месечина
Оваа шарена и магична книга ја следи авантурата на Боби кога во темната ноќ, по гаснењето на светлото, забележува сенка во својата соба и се запрашува како Месечината светли и создава сенки дури и ноќе. Преку забавна и лесно разбирлива приказна, децата ќе учат за небеското светло, сенките и природните појави, додека ги следат омилените ликови на Биби и Боби.
- Идеална за развој на љубопитност и учење за природата
- Забавна и поучна вечерна приказна
- Прилагодена за деца кои сакаат да истражуваат „зошто“ прашања
Медената авантура на Биби и Боби
Биби и Боби ги посетуваат и добиваат корисни совети како да штедат за да ги остварат своите соништа. Боби учи како да си постави цели, да не ги троши сите пари на слатки задоволства и непотребни играчки, и заедно со Биби, паричка по паричка, успеваат да заштедат за убави и корисни работи.
Меѓупланетарна брканица
Оооооо... Уууууу... Зззззз... Би-бип-бип-бип! И одеднаш – бум! – тие се најдоа на огромна пустинска планета со црвен песок и чудни летала што пролетаа над нив.
– Хммм, каде ли дојдовме? Во некоја чудна пустина... – се прашуваше Биби, кога од далечината започна вистинска меѓупланетарна брканица!













