Си беше еднаш еден змеј… но каков змеј? Страшен и лош или сладок и добар? Иако најдобри другари, Биби и Боби не можат да се согласат околу многу нешта (а особено околу тоа какви се змејовите во сказните). Тие дури и почнуваат да се караат, сè додека заедно не раскажат една волшебна, прекрасна, возбудлива сказна…
„Светот на Биби од А до Ш“ е првото печатено издание од „Светот на Биби“. Оваа исклучителна сликовница е полна со едукативни содржини, а ги користи интересите на Биби за да се доближи до сите дечиња на оваа возраст. Таа сака да раскаже некои работи за светот околу себе, за својата куќа, за својот град, за нејзиното најдобро другарче и за омилените нешта. А додека таа раскажува за себе, патем дечињата ја учат азбуката, читаат повеќе зборови, пишуваат букви, се дружат и се смеат. Јеееј!
Возбудлива прошетка на Биби и Боби во шумата. Нашите другарчиња ќе нѐ научат да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно, но и да бидеме умерени. Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате - вели Биби. Тоа може да ви донесе непријатности како на Боби. Во сликовницата се вклучени и голем број интересни активности.
Во оваа сликовница нашата хероина Биби се запознава со џиновите, на кои несомнено им е потребна нејзината помош. Таа ги учи своите нови пријатели дека перењето, чистењето, раскревањето, но и грижата за личната хигиена се активности што не смеат да се избегнуваат, без разлика на полот, ниту возрастта. Во сликовницата се вклучени и голем број забавни активности.