Регистрирај се и продолжи со купување!
„Читанката на Биби” е наменета за различни возрасти. За најмалечките - на кои би им читале родителите, бабите или дедовците, како и за оние од училишна возраст кои ќе ги научат буквите и ќе ги совладаат текстовите од „Букварот на Биби”. Тие ќе бидат подготвени да продолжат со текстовите и задачите што ќе ги најдат низ страниците на оваа читанка.
Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.
Ако сакате да го израдувате вашето дете или да подарите убав подарок за роденден, ви предлагаме вашиот избор да бидe играчка со ликот на хероината Биби. Кадифените кукли од „Светот на Биби“ се први македонски кукли во сериско производство.