Пребарување
Филтри
Затвори

За нас

СВЕТОТ НА БИБИ ДОО е компанија во која тимот сака да сонува, да гледа подалеку од границите на можното и посакуваното и особено да се бори со песимистите кои велат дека ништо не може да се направи. Почнавме ентузијастички во 2012 година, сакајќи да оставиме трага во тогаш скромниот интернет-простор во Македонија. Полека но сигурно успеавме во тоа. Во 2018 година ја започнавме приказната наменета за доброто родителство и ја нарековме Деца.мк.

Паралелно со ова, се впуштивме во уште поголема мисија и го креиравме „Светот на Биби“ – мултимедијален проект кој преку неколку детски ликови (Биби, Боби, Зази) на децата им помага да учат многу важни работи, да пеат, да играат, да го учат мајчиниот јазик.

Образовниот аспект на овој проект ни е број еден приоритет. Се радуваме што публиката тоа го препозна и децата добија забавно-едукативно место каде можат да ги учат буквите, бројките, да учат за вистинските вредности, за семејството.

Иако СВЕТОТ НА БИБИ ДОО е компанија која, освен успешните портали, во последната година е препознатлива по ликот на сезнајката Биби и нејзиниот свет, општествената одговорност е нешто што го сфаќаме повеќе од сериозно. Се фокусираме на безбедноста на потрошувачите, на детските права, отвораме важни прашања за заштитата на човековата околина. Само така можеме да очекуваме задоволни корисници на нашите производи и уште посреќни деца.

Претплати се на нашиот електронски информатор