Биби и Боби тргнуваат во нова авантура, верувале или не, во местото наречено скриената долина! А какви се жителите на скриената долина и кое и какво е нивното ново другарче Алфеј, ќе откриете во оваа сказна....
Си беше еднаш еден змеј… но каков змеј? Страшен и лош или сладок и добар? Иако најдобри другари, Биби и Боби не можат да се согласат околу многу нешта (а особено околу тоа какви се змејовите во сказните). Тие дури и почнуваат да се караат, сè додека заедно не раскажат една волшебна, прекрасна, возбудлива сказна…