Филтер по цена
Прикажувам 13–24 од 126 резултати
Биби и Боби на европско првенство во фудбал
Биби и Боби тргнуваат на возбудливо патување низ историјата на фудбалот – од неговите почетоци во светот до најголемите успеси на македонските тимови.
Оваа сликовница е вистинска сказна за најмалите, полна со забавни факти, алманах со наши херои и дури постер од македонската фудбалска репрезентација. Преку авантурите на Биби и Боби, децата учат за спортот, тимската работа и љубовта кон играта која ги обединува сите!
Биби и Боби на заболекар
Биби и животните
Приказната низ смешни и возбудливи ситуации покажува како Биби ја штити шумата и животните, додека децата учат за правилното однесување во природа и важноста на грижа за животните.
Биби и џиновите
Нашата хероина ќе им помогне и ќе ги научи дека перењето, чистењето, раскревањето и грижата за личната хигиена се важни активности што не смеат да се избегнуваат, без разлика на возраст или пол.
Сликовницата е полна со смешни и интерактивни моменти, забавни активности и игри, кои ќе им помогнат на децата да учат преку забава.
Биби, Боби и змејот
Си беше еднаш еден змеј… но каков змеј? Страшен и лош или сладок и добар?
Биби и Боби, иако најдобри другари, не можат да се согласат околу многу работи – особено околу тоа какви се змејовите во сказните. Дури започнуваат и да се караат!
Сè додека заедно не решаваат да раскажат една волшебна, прекрасна и возбудлива сказна, полна со пријателство, храброст и магија.
Биби, Боби и куќичката од чоколадо
Биби и Боби тргнуваат на возбудлива прошетка низ Волшебната шума и откриваат нешто многу вкусно – куќичка од чоколадо!
Преку нивната авантура, нашите другарчиња учат важни лекции: да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно и да бидеме умерени. „Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате,“ вели Биби, откако Боби ќе се најде во непријатна ситуација.
Сликовницата е полна со забавни активности и учи дека пријателството и правилното однесување секогаш носат најубави резултати.
Биби, Боби и непослушното јајце
Биби, Боби и Снежната кралица
Биби, Боби и чудесниот бисер
Но, кога Деси сака да го зачува само за себе, сè се смрачува и во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, Биби и Боби се тука за да помогнат и да ја вратат магијата.
Биби, Боби и чудовиштето од Охридското езеро
Заедно откриваат нови начини за забавување, учат како да се справат со стравот и како Деси повеќе да не мора да се крие во длабочините на езерото. Волшебната шумичка добива уште еден жител, а игрите стануваат уште позабавни.
Сликовницата е полна со забавни активности кои ќе ги вклучат децата во магичниот свет на пријателството и авантурите.