Филтер по цена
Прикажувам 37–48 од 127 резултати
Бонтон за деца (правила за добро однесување)
„Бонтон за деца“ – книга за добро однесување и вредности
Оваа книга ги води децата низ основните правила за добро однесување (бонтон) на едноставен, пријателски и лесно разбирлив начин. Со примери и ситуации прилагодени за мали читатели, таа им помага на децата да разберат зошто е важно да се однесуваат убаво кон другите – кон родителите, наставниците и другарчињата.
- Како да остават добар впечаток
- Зошто е важно да се почитуваат другите
- Основи на учтивост и пристојност
Ова е идеална книга за родителите што сакаат да им помогнат на децата да развијат самодисциплина, добри манири и социјални вештини уште од најрана возраст.
Бркотница со жирафата Жижи
Броеви од 1 до 10 (картонска сликовница за најмалите)
„Броеви од 1 до 10 (картонска сликовница)“ е весела и шарена картонска книга наменета за најмалите деца, која на едноставен и пријатен начин ги запознава основните броеви од 1 до 10. Книгата е отпорна и лесна за држење со мали рачиња, па децата преку игра и визуелни слики учат да ги препознаваат и именуваат бројките.
Оваа сликовница ја развива предматематичката свест, визуелната перцепција и радоста од учење преку допир и истражување, што ја прави идеална како прва книга за броеви.
Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.
✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите
Букварот на Биби
„Букварот на Биби“ – забавен и едукативен буквар за деца
Овој буквар е неопходно четиво за секое дете што се запознава со буквите, читањето и пишувањето. Во него се пополнува, се црта, се бои и се пишува. А тој е неизбежен за секоја детска библиотека.Со помош на омилените ликови Биби и Боби, децата :
- Лесно и на забавен начин ги препознаваат и учат печатните и ракописните букви
- Пишуваат, бојат и пополнуваат задачи што развиваат графомоторички вештини
- Читаат, рецитираат и пеат заедно со ликовите, што го прави учењето радосно и интерактивно
- Се подготвуваат за читање и пишување во училиште и секојдневниот живот.
Идеален подарок за деца кои започнуваат со писменост – ова дело ќе им помогне да го засакаат учењето на буквите и зборовите со многу смеа и креативни активности!
Вампирчето Бу
Биби, Боби и малата вештерка Фи неколку ноќи по ред забележуваат мистериозно светленце во Волшебната шума. Од каде доаѓа?
Во шумата стои стар, напуштен замок каде никој не се осмелува да влезе… но некој сепак живее таму!
Прочитајте ја оваа возбудлива и таинствена сликовница за да дознаете кој е мистериозниот жител на замокот и како пријателството и храброста можат да ја разоткријат секоја мистерија.
ВЕЛИГДЕНСКИ ПАКЕТ 2026
Велигденски пакет со Биби и Боби
Внесете ја магијата на Велигден во домот со специјалниот пакет од „Светот на Биби“. Пакетот ги содржи сликовниците „Биби, Боби и Непослушното јајце“ и „Враќање во оазата на диносаурусите“, а како подарок добивате и боенка „Велигден со Биби и Боби“.
Совршен подарок за децата што сакаат приказни, авантури и боење.
- Пакетот содржи:
-
Сликовница „Биби, Боби и Непослушното јајце“
-
Сликовница „Враќање во оазата на диносаурусите“
-
Гратис боенка „Велигден со Биби и Боби“
- Акцијата трае од 12.03.2026 до 11.04.2026
Водена боенка „Светот на Биби“
„Водена боенка Светот на Биби“ е иновативна и забавна активност за најмалите дечиња што комбинира игра и учење преку боја – без боички и моливи. Со специјална четка што се наполнува со вода, детето само поминува преку страниците и магично се појавуваат шарени бои и илустрации. Откако страниците ќе се исушат, боите исчезнуваат, што значи дека книгата може повторно да се користи за бескрајна забава.
Оваа боенка е идеална за развивање на:
• Фината моторика и координација рака‑око
• Креативноста и визуелната перцепција
• Љубопитност кај најмалите додека ја откриваат магијата на бојата преку вода
„Водена боенка Светот на Биби“ е едноставен, безбеден и повторливо интерактивен начин за децата да уживаат во боење додека истовремено учат и истражуваат преку игра.
Водопадот на божилакот
Загрижените еднорози бараат помош, па Биби, Боби и Алфеј се впуштаат во таинствено подземно патување. Дали ќе ја откријат вистината и ќе ја вратат магијата пред долината засекогаш да ја изгуби својата светлина? Какви неочекувани изненадувања ги чекаат длабоко под долината?
Враќање во оазата на диносаурусите
Но, понекогаш работите не се одвиваат онака како што се планира, и нашите херои ќе се соочат со нови предизвици и возбудливи моменти пред да ја најдат патеката назад
Вредниот мрзливец
Даро (картонска сликовница)
„Даро“ е шарена и привлечна картонска сликовница од едицијата Светот на Биби, наменета за најмалите читатели. Во ова издание детето има можност да се запознае со Даро – еден од ликовите од овој волшебен свет, што ја прави книгата идеална за почетно откривање на нови пријателства и нови приказни.
Книгата е дизајнирана така што е лесна за држење со мали рачиња и содржи шарени илустрации што го привлекуваат детското внимание, истовремено поттикнувајќи љубопитност и љубов кон читањето уште од најрана возраст.
Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.
✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите
Дедо мраз од Заз
Ноќта пред Нова година Биби и Боби со нетрпение го очекуваат Дедо Мраз. Сè е подготвено - елката свети, се јадат колачиња, а тие се нестрпливи да видат што ќе им донесе Дедо Мраз. Но… оваа година се случи нешто што не се случило никогаш ама баш никогаш. Дедо Мраз се разболе!
Што ќе се случи сега? Кој ќе им ги донесе подароците на сите деца во светот?
Не грижете се - помошта пристигнува од најочекувано место: планетата Заз!
Весела, топла и интерактивна приказна со активности што ќе ве насмеат и ќе ви покажат дека чуда навистина постојат!
