Печатени изданија
Прикажи 9 12 18

Празнична боенка

99.00ден

„Празнична боенка“ е шарена и радосна книга исполнета со празнични мотиви и весели илустрации подготвени за боење. Преку различни сцени инспирирани од празничната атмосфера, децата ја развиваат својата креативност, фантазија и фина моторика.

Боењето станува забавен начин за изразување, релаксација и создавање сопствена празнична магија, исполнета со боја, радост и насмевки.

Превозни средства (картонска сликовница за најамлите)

290.00ден

„Превозни средства“ е весела и едноставна картонска сликовница од Светот на Биби наменета за најмалите деца. Преку шарени илустрации, најмалите се запознаваат со различни видови превозни средства – автомобили, автобуси, камиони и други објекти што ги среќаваме во секојдневниот живот. Книгата е дизајнирана така што привлекува внимание со светли бои и јасни форми, што им помага на децата лесно да ги поврзат поимите со сликите и да ги развиваат своите први знаења за светот околу нив.

Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.

✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите

Претшколски активности со Биби и Боби

99.00ден
Претшколски активности со Биби и Боби“ е забавно и едукативно издание наменето за најмалите. Со оваа книга, децата ќе научат основни претшколски вештини преку интересни задачи и игри, водени од омилените ликови Биби и Боби. Совршена за подготвување на вашето дете за училиште!

Приказни за добра ноќ на мама Ана 1

350.00ден

„Приказни за добра ноќ“ – 5 приказни за мирен сон

Времето пред спиење може да биде најтоплиот дел од денот – моменти на гушкање, тивко читање и насмевки. Но кога заспивањето оди потешко, вистинската приказна прави чуда.

Оваа книга содржи 5 внимателно одбрани, смирувачки приказни создадени да делуваат приспивно и да му помогнат на детето побрзо и полесно да отплови во земјата на соништата.

- Совршена за вечерен ритуал
- Создава мирна и сигурна атмосфера
- Го претвора легнувањето во омилен дел од денот

Подарете му на вашето дете спокојни ноќи и убави соништа со оваа топла збирка од Светот на Биби.

Приказни за добра ноќ на мама Ана 2

350.00ден

„Приказни за добра ноќ 2 “ – 5  приказни за мирен сон

Времето пред спиење може да биде најтоплиот дел од денот – моменти на гушкање, тивко читање и насмевки. Но кога заспивањето оди потешко, вистинската приказна прави чуда.

Оваа книга содржи 5 внимателно одбрани, смирувачки приказни создадени да делуваат приспивно и да му помогнат на детето побрзо и полесно да отплови во земјата на соништата.

-Совршена за вечерен ритуал
- Создава мирна и сигурна атмосфера
- Го претвора легнувањето во омилен дел од денот

Подарете му на вашето дете спокојни ноќи и убави соништа со оваа топла збирка од Светот на Биби.

Роботчето Р1

200.00ден

Што е тоа? Дали навистина Боби направи роботче!?  Со помош на Зина, Зази и Биби, Р1 оживува и почнува да прави неверојатни работи — толку моќни што ја претвора гаражата на Боби во суперопремена лабораторија и отвора портал што води кон нови дестинации и авантури!

Зошто ја сакаат децата:
- Возбудлива приказна за технологија и фантазија
- Поттикнува љубопитност и имагинација
- Совршена за заедничко читање и разговор за пријателство, истражување и слобода на мислата

 Оваа книга е идеална за дечиња што сакаат приказни со научни елементи, машини и магични откритија — подарок што ќе ги инспирира и ќе ги води кон нови идеи!

Роботчето Р1 (картонска сликовница)

290.00ден

Запознајте го Роботчето Р1, новиот херој од светот на Биби и Боби! Во оваа шарена и динамична сликовница, децата ќе ги следат омилените ликови низ возбудлива авантура во гаражата на Боби, која се претвора во суперопремена лабораторија. Со помош на Биби, Зина и Зази, Р1 отвора таен портал и ги води ликовите кон нови откритија и магични моменти.

- Интригантна приказна – поттикнува имагинација и љубопитност.
- Лесна хартиена сликовница – идеална за мали рачиња, секојдневно читање и игра.
- Роботи и авантура – совршена за љубители на технологии и истражувања.

„Роботчето Р1“ е совршена комбинација од учење, фантазија и забава – читањето никогаш не било повозбудливо!

Рудникот на Џемаил

200.00ден

Биби и Боби наоѓаат пештера на Волшебната планина – но оваа пештера крие изненадување!

Всушност, тоа не е пештера, туку рудник каде живее осамено џуџето Џемаил, кој ископува скапоцени камења. Што ќе се случи кога Биби и Боби ќе го запознаат и како ќе се развие нивната нова авантура?

Прочитајте ја оваа сказна за пријателство, храброст и магични моменти во рудникот на Џемаил!

Самовилска ливада

200.00ден

Луна ги кани Биби и Боби на необичен излет – во самовилската ливада, место за кое се раскажуваат само шепоти и легенди. Оооо... Шшшш... Лесен ветер ги ниша светкавите тревки, а во воздухот треперат ситни светулки како ѕвезди.

Но ливадата не е само убава – таа крие тајни, магични суштества и едно мало изненадување што ќе ги научи Биби и Боби колку се важни пријателството, храброста и вербата во чудата. Со кого ќе се сретнат и каква магија ќе откријат во срцето на самовилската ливада?

Светот на Биби од А до Ш

490.00ден
„Светот на Биби од А до Ш“ е првото печатено издание од „Светот на Биби“. Оваа исклучителна сликовница е полна со едукативни содржини, а ги користи интересите на Биби за да се доближи до сите дечиња на оваа возраст. Таа сака да раскаже некои работи за светот околу себе, за својата куќа, за својот град, за нејзиното најдобро другарче и за омилените нешта. А додека таа раскажува за себе, патем дечињата ја учат азбуката, читаат повеќе зборови, пишуваат букви, се дружат и се смеат. Јеееј!