„Превозни средства“ е весела и едноставна картонска сликовница од Светот на Биби наменета за најмалите деца. Преку шарени илустрации, најмалите се запознаваат со различни видови превозни средства – автомобили, автобуси, камиони и други објекти што ги среќаваме во секојдневниот живот. Книгата е дизајнирана така што привлекува внимание со светли бои и јасни форми, што им помага на децата лесно да ги поврзат поимите со сликите и да ги развиваат своите први знаења за светот околу нив.
Печатени изданија
Прикажувам 97–108 од 129 резултати
Празнична боенка
99.00ден
„Празнична боенка“ е шарена и радосна книга исполнета со празнични мотиви и весели илустрации подготвени за боење. Преку различни сцени инспирирани од празничната атмосфера, децата ја развиваат својата креативност, фантазија и фина моторика.
Боењето станува забавен начин за изразување, релаксација и создавање сопствена празнична магија, исполнета со боја, радост и насмевки.
Превозни средства (картонска сликовница за најамлите)
290.00ден
Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.
✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите
Приказни за добра ноќ на мама Ана 1
„Приказни за добра ноќ“ – 5 приказни за мирен сон
Времето пред спиење може да биде најтоплиот дел од денот – моменти на гушкање, тивко читање и насмевки. Но кога заспивањето оди потешко, вистинската приказна прави чуда.
Оваа книга содржи 5 внимателно одбрани, смирувачки приказни создадени да делуваат приспивно и да му помогнат на детето побрзо и полесно да отплови во земјата на соништата.
- Совршена за вечерен ритуал
- Создава мирна и сигурна атмосфера
- Го претвора легнувањето во омилен дел од денот
Подарете му на вашето дете спокојни ноќи и убави соништа со оваа топла збирка од Светот на Биби.
Приказни за добра ноќ на мама Ана 2
„Приказни за добра ноќ 2 “ – 5 приказни за мирен сон
Времето пред спиење може да биде најтоплиот дел од денот – моменти на гушкање, тивко читање и насмевки. Но кога заспивањето оди потешко, вистинската приказна прави чуда.
Оваа книга содржи 5 внимателно одбрани, смирувачки приказни создадени да делуваат приспивно и да му помогнат на детето побрзо и полесно да отплови во земјата на соништата.
-Совршена за вечерен ритуал
- Создава мирна и сигурна атмосфера
- Го претвора легнувањето во омилен дел од денот
Подарете му на вашето дете спокојни ноќи и убави соништа со оваа топла збирка од Светот на Биби.
Роботчето Р1
200.00ден
Што е тоа? Дали навистина Боби направи роботче!? Со помош на Зина, Зази и Биби, Р1 оживува и почнува да прави неверојатни работи — толку моќни што ја претвора гаражата на Боби во суперопремена лабораторија и отвора портал што води кон нови дестинации и авантури!
Зошто ја сакаат децата:
- Возбудлива приказна за технологија и фантазија
- Поттикнува љубопитност и имагинација
- Совршена за заедничко читање и разговор за пријателство, истражување и слобода на мислата
Оваа книга е идеална за дечиња што сакаат приказни со научни елементи, машини и магични откритија — подарок што ќе ги инспирира и ќе ги води кон нови идеи!
Роботчето Р1 (картонска сликовница)
290.00ден
Запознајте го Роботчето Р1, новиот херој од светот на Биби и Боби! Во оваа шарена и динамична сликовница, децата ќе ги следат омилените ликови низ возбудлива авантура во гаражата на Боби, која се претвора во суперопремена лабораторија. Со помош на Биби, Зина и Зази, Р1 отвора таен портал и ги води ликовите кон нови откритија и магични моменти.
- Интригантна приказна – поттикнува имагинација и љубопитност.
- Лесна хартиена сликовница – идеална за мали рачиња, секојдневно читање и игра.
- Роботи и авантура – совршена за љубители на технологии и истражувања.
„Роботчето Р1“ е совршена комбинација од учење, фантазија и забава – читањето никогаш не било повозбудливо!
Рудникот на Џемаил
200.00ден
Биби и Боби наоѓаат пештера на Волшебната планина – но оваа пештера крие изненадување!
Всушност, тоа не е пештера, туку рудник каде живее осамено џуџето Џемаил, кој ископува скапоцени камења. Што ќе се случи кога Биби и Боби ќе го запознаат и како ќе се развие нивната нова авантура?
Прочитајте ја оваа сказна за пријателство, храброст и магични моменти во рудникот на Џемаил!
Самовилска ливада
200.00ден
Луна ги кани Биби и Боби на необичен излет – во самовилската ливада, место за кое се раскажуваат само шепоти и легенди. Оооо... Шшшш... Лесен ветер ги ниша светкавите тревки, а во воздухот треперат ситни светулки како ѕвезди.
Но ливадата не е само убава – таа крие тајни, магични суштества и едно мало изненадување што ќе ги научи Биби и Боби колку се важни пријателството, храброста и вербата во чудата. Со кого ќе се сретнат и каква магија ќе откријат во срцето на самовилската ливада?
Вчитај повеќе производи
Се вчитува...























