Сликовници "Сказните на Биби"
Прикажи 9 12 18

Бркотница со жирафата Жижи

200.00ден
Запознајте ја новата жителка на волшебната шума – жирафата ЖиЖи, мала, немирна и полна со енергија. 
Таа трча наоколу и се губи, предизвикувајќи хаос и многу смешни ситуации. Биби, Боби и читателите заедно ќе се обидат да ја најдат и да се забавуваат додека учат за пријателството и тимската работа.

Вампирчето Бу

200.00ден

Биби, Боби и малата вештерка Фи неколку ноќи по ред забележуваат мистериозно светленце во Волшебната шума. Од каде доаѓа?

Во шумата стои стар, напуштен замок каде никој не се осмелува да влезе… но некој сепак живее таму!

Прочитајте ја оваа возбудлива и таинствена сликовница за да дознаете кој е мистериозниот жител на замокот и како пријателството и храброста можат да ја разоткријат секоја мистерија.

Водопадот на божилакот

200.00ден
Оооо... нешто не е како порано во Скриената Долина. Водопадот тивко шуми, но божилакот што блескал над него – исчезнал!
Загрижените еднорози бараат помош, па Биби, Боби и Алфеј се впуштаат во таинствено подземно патување. Дали ќе ја откријат вистината и ќе ја вратат магијата пред долината засекогаш да ја изгуби својата светлина? Какви  неочекувани изненадувања ги чекаат длабоко под долината?

Враќање во оазата на диносаурусите

200.00ден
Биби и Боби повторно тргнуваат на чудесна авантура – овој пат да го посетат нивниот пријател диносаурусот Даро во неговата оаза на диносаурусите. 
Но, понекогаш работите не се одвиваат онака како што се планира, и нашите херои ќе се соочат со нови предизвици и возбудливи моменти пред да ја најдат патеката назад

Вредниот мрзливец

200.00ден
Во волшебната шума се доселуваат нови, необични жители – мошне мрзливи, сите освен еден кој е поинаков од нив.
Боби и малиот мрзливец Мики си ги заменија местата, а потоа следуваат смешни, возбудливи и поучни ситуации за пријателство, храброст и вредноста на активноста.

Дедо мраз од Заз

200.00ден

Ноќта пред Нова година Биби и Боби со нетрпение го очекуваат Дедо Мраз. Сè е подготвено - елката свети, се јадат колачиња, а тие се нестрпливи да видат што ќе им донесе Дедо Мраз. Но… оваа година се случи нешто што не се случило никогаш ама баш никогаш. Дедо Мраз се разболе!

Што ќе се случи сега? Кој ќе им ги донесе подароците на сите деца во светот?

Не грижете се - помошта пристигнува од најочекувано место: планетата Заз!

Весела, топла и интерактивна приказна со активности што ќе ве насмеат и ќе ви покажат дека чуда навистина постојат!

Ежето Боцко

200.00ден

Еден сончев ден Биби, Боби и жителите на Волшебната шума играат фудбал. Малку се натпреваруваат, малку се расправаат, а потоа – силен шут ја испраќа топката далеку од нивните погледи. Во потрага по неа, тргнуваат низ шумата и откриваат нешто неочекувано.

Таму го запознаваат Ежето Боцко – ново другарче што знае сè за фудбалот, но поради своите боцки не може да игра како другите. Дали тимот ќе пронајде начин сите да бидат вклучени во играта? Оваа топла приказна нè учи дека секој има свој талент и дека вистинското пријателство секогаш наоѓа решение

.

Забавата на Златко Хаџи Зајков

200.00ден
Запознајте го Златко Хаџи Зајков – весело зајаче со големо срце и уште поголема желба да приреди незаборавна забава во шумата! Во оваа шарена приказна од Светот на Биби, децата ќе ја следат неговата подготовка, дружењето со пријателите и радоста што се создава кога сите се заедно. Сликовницата носи порака за пријателството, споделувањето и убавината на заедничките моменти.

Зимска вселенска бајка

200.00ден
Биби и Боби забележаа дека Зази е многу тажен – му недостигаат  неговите другарчиња... Биби, Боби и Зази тргнуваат во несекојдневна авантура низ целата вселена за да стигнат навреме на новогодишната прослава на планетата Заз. Но дали ќе успеат?
На патот се случуваат интересни и неочекувани авантури....

Кражба во музејот

200.00ден
Убав сончев ден, Биби, Боби, Зази, Зина и Р1 шетаат низ градот. Поминувајќи покрај природонаучниот музеј, одеднаш се слуша силен аларм! Од музејот истрчуваат три зазулчиња, а едно од нив држи мал камен – метеор! По нив трча чуварот на музејот, а Биби и Боби остануваат во шок. Што ли украле овие зазулчиња и како ќе се реши мистеријата? Придружете им се на храбрите другарчиња во возбудлива авантура полна со тајни, смеа и непредвидливи моменти!

Крокодилчето Локо

200.00ден
Биби и Боби запознаваат ново другарче – Крокодилчето Локо, кое има своја магична лабораторија каде создава неверојатни играчки. Заедно со Локо ќе доживеат забавни авантури полни со магија, креативни изуми и многу насмевки, додека децата преку приказната учат за соработка, фантазија и создавање нови нешта.

Кучето Куки

200.00ден

Тоа беше прекрасен и шарен ден во Волшебната шума – исполнет со мирис на цвеќиња и детска смеа. Совршен ден за криенка! Додека Биби, Боби, мрзливецот и Лео се криеја меѓу разнобојните грмушки, налетаа на нешто неочекувано.

Мало, разиграно кученце по име Куки, кое изгледаше изгубено и збунето. Од тој миг започнува нова авантура полна со грижа, возбуда и ново пријателство. Кој е Куки и како ќе стане дел од нивното шарено друштво?