Учиме заедно
Прикажувам 13–15 од 15 резултатиSorted by latest
БИБИВЕРЗУМ 2 (Активности наменета за деца од ВТОРО одделение)+ Магазин за деца Светот на Биби
Книга со активности наменета за деца од ВТОРО одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење на нашата азбука, правопис, ракописни букви, составување песнички, решавање задачи, логика, природни науки, запознавање со поширокото семејство, татковината и останати забавни и креативни активности преку кои дечињата ќе можат да научат многу нови нешта и дополнително Магазин за деца Светот на Биби кој е вистинска ризница на знаење, забава и креативност.
Запознајте ја Амелија Ерхарт – инспиративна приказна за првата жена пилот која го прелета Атлантикот; Патуваме во Франција; Мистеријата на Мона Лиза – откријте зошто нејзината насмевка ги фасцинира сите; Патување до Крушево – низ детски очи до нашиот културен бисер; Игри, лавиринти, осумнасочници и мозочни предизвици – совршени за развивање на умот и креативноста; Приказни за семејно читање – идеални за топли празнични моменти; Бонус – друштвена игра што ќе донесе забава за целото семејство; Преку списанието ќе имате можност да учестувавате и во креативниот предизвик, за најдобрите од креативниот предизвик подготвивме големо изненадување – специјални гости на нивниот роденден во 2025 година, маскотите на Биби и Боби! Јееј!
Списанието содржи и подарок специјални сликички за новиот албум „Сказните на Биби“! Во 36 страници спакувавме едукација и забава што ќе ги освојат и децата и родителите!
БИБИВЕРЗУМ 1 (Активности наменета за деца од ПРВО одделение) + Магазин за деца Светот на Биби
Активности наменети за деца од ПРВО одделение. Специјално направена тетратка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“ , запознавање со околината, училиштето, сообраќајот, здрави навики, собирање и одземање до 10, задачи, геометрија и останати забавни и креативни активности преку кои првачињата ќе можат да научат многу нови нешта и дополнително Магазин за деца Светот на Биби кој е вистинска ризница на знаење, забава и креативност.
Запознајте ја Амелија Ерхарт – инспиративна приказна за првата жена пилот која го прелета Атлантикот; Патуваме во Франција; Мистеријата на Мона Лиза – откријте зошто нејзината насмевка ги фасцинира сите; Патување до Крушево – низ детски очи до нашиот културен бисер; Игри, лавиринти, осумнасочници и мозочни предизвици – совршени за развивање на умот и креативноста; Приказни за семејно читање – идеални за топли празнични моменти; Бонус – друштвена игра што ќе донесе забава за целото семејство; Преку списанието ќе имате можност да учестувавате и во креативниот предизвик, за најдобрите од креативниот предизвик подготвивме големо изненадување – специјални гости на нивниот роденден во 2025 година, маскотите на Биби и Боби! Јееј!
Списанието содржи и подарок специјални сликички за новиот албум „Сказните на Биби“! Во 36 страници спакувавме едукација и забава што ќе ги освојат и децата и родителите!
АКТИВНОСТИ СО БРОЕВИ 2
99.00ден
„Активности со броеви од Светот на Биби“ е едукативна и интерактивна книга наменета за деца од предучилишна и рана училишна возраст. Преку забавни задачи, броење, поврзување, боење и решавање едноставни математички предизвици, децата ги запознаваат броевите и основните математички поими на лесен и разбирлив начин.
Заедно со Биби, Боби , малите читатели учат да бројат, споредуваат количини и препознаваат бројки низ игра и авантура. Книгата го поттикнува логичкото размислување, концентрацијата и љубовта кон учењето, претворајќи ја математиката во весела и мотивирачка активност.